понеделник, декември 29, 2025
Почетна НовостиВитомир Трајковски од Макпетрол освои бронза на светската карате лига во Атина

Витомир Трајковски од Макпетрол освои бронза на светската карате лига во Атина

by 24HR

Членот на скопски „Макпетрол“, Витомир Трајковски, во борба со црногорскиот претставник Никола Маловиќ, кого го победи со 5-0, освои бронзен медал на турнир од светската карате лига во Атина. Македонскиот карате клуб долги години учествува на ова реномирано натпреварување и ова е 45 медал за тимот, како и прв во 2023 година.

На патот до бронзата Трајковски извојува пет победи, а за влез во финалето загуби минимално од грчкиот претставник Константинос Мастрогијанис 0-1. Шестата победа беше во директна борба за бронзениот медал со црногорскиот репрезентативец Маловиќ.

Трајковски е во одлична форма, тој е актуелен светски вицешампион во категоријата од 18 до 21 година, а бронзеното одличје го освои во сениорска конкуренција. Ова е добар показател пред европското првенство за јуниори.

На карате лигата во Атина настапуваат 1116 натпреварувачи од 75 држави.

Related Posts

Leave a Comment