Што ако не сакам да ја прифатам позицијата менаџер?

од 24HR

Се отвора менаџерска позиција во вашата компанија.Вашата напорната работа во изминатите години е видена од повисоките луѓе и тие ви предлагаат вие да бидете на таа менаџерската позиција!

Размислувате дали да ја прифатите менаџерската позиција но откривате дека не ви се допаѓа недостатокот на рамнотежа помеѓу работата и животот ,и немате желба за зголемена одговорност.

Во ред е да ги имате тие мислења, но може да ве наведат на конфликт околу тоа што да правите понатаму. Не сакате да изгледате неблагодарно или да пропуштите можност за поголема плата. Вие исто така не сакате да ја жртвувате вашата благосостојба за напорно да работите и да се вложите во работата со управување на тимот.

Можеби наместо вашата работата која ве исполнува и се вложувате во неа максимално да се најдете закопани во секојденвни состаноци надзори,надгледување на почетници ….Многумина се стремат за менаџментот како достигнување на врвот но менаџирањето не е за секого и тоа е во ред.

 Да се биде менаџер значи дека вашите одлуки нема да им се допаднат на сите. Како лидер, невозможно е да им угодите на сите. На пример, можеби ќе треба да работите проект со кој вашиот тим не се согласува или да наредите вработените да работат на празници.Ќе мора да отпуштите вработени. Ако не можете да се помирите со тоа, менаџментот можеби не е за вас.

Многу одговорности и многу одлуки зависат од вас,можеби вие го имате тоа искуство да се соочите со нив ,меѓутоа ако сте профил каде менаџирањето со вашиот тим не ви оди баш најдобро,не сте профил за менаџер.

Прилагодување на сите вработени со годишните одмор ,покривање на вработен кој е на боледување ,конфликти меѓу тимот ,незадоволства од платата,премногу работа малку вработени и многу други работи кој не секој вреден работник ја има таа способност да се справува со овие допонителни обрвски.

Ако одлучите дека ја сакате работата во која се вложувавте сите изминати години и дека едноставно не сакате да раководите со тимот и да си ја загрозите благосостојбата која сте ја имале до сега бидете искрени со вашите претпоставени и разговарајте отворено.Новото време ни донесе многу нови можности,и нови гледања за многу работи во нашата кариера,не значи дека менаџерската позиција е врвот.Можете да го надградите вашиот работен профил на многу други начини,со нови знаења и развој на вашиот профил ќе ја надополните вашата кариерна патека и ќе имате работа каде ке се вложите без да бидете на менаџерска позиција и со тоа да одите нагоре во кариерата ,така ке си го зачувате мирот а и ќе напредувате во вашата кариера.

Но доколку одлучите дека вие сте профилот за менаџер и дека може да се справите со сите одговорности кој ги носи менаџерската позиција причитајте во статијата –6 универзални вештини на менаџерите

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...