Во ова интервју, своите гледишта ги споделуваат Ива Попдимитрова и Елена Наќева, Специјалисти за човечки ресурси во НЛБ Банка, кои активно работат на обуки, развој, мотивација и благосостојба на вработените. Нивниот фокус е кон креирање и имплементација на програми за учење и развој, со цел континуирано унапредување на знаењата и вештините на вработените, како и иницијативи поврзани со мотивација, ангажираност и благосостојба, создавајќи средина во која вработените се чувствуваат поддржано, вреднувано и инспирирано.
Преку нивните одговори, ќе навлеземе подлабоко во тоа како современите практики за обука и развој, заедно со фокусот на благосостојбата, придонесуваат за создавање позитивна организациска култура – средина во која вработените не само што напредуваат, туку и се чувствуваат мотивирани, поврзани и задоволни од својата работа.
1. Кои се најважните нови вештини што вработените во Банката треба да ги развиваат денес за да бидат успешни?
Денес банкарскиот сектор се менува многу побрзо отколку порано. Освен класичните знаења за финансиски производи и работа со клиенти, сè повеќе се бараат дигитални вештини. Вработените треба да бидат подготвени да користат нови системи, апликации и автоматизирани процеси, бидејќи дигитализацијата станува дел од секојдневието.
Паралелно со дигиталните знаења, значајно влијание имаат и обуките за меки вештини, бидејќи технологијата сама по себе не може да го подобри начинот на кој луѓето соработуваат и комуницираат. Подобрувањето на комуникацијата, адаптивноста, тимската соработка и способноста за конструктивно решавање конфликти создава основа за подобра организациска култура и пофункционални тимови во дигиталното време.
Важен сегмент се и лидерските обуки, кои ја поддржуваат улогата на раководителите во процесите на дигитална трансформација. Лидерите ги насочуваат тимовите низ промени, го поттикнуваат прифаќањето на новите технологии и го охрабруваат иновативното размислување. Таквиот развој создава средина во која вработените се мотивирани, информирани и подготвени да напредуваат.
Преку комбинирање на дигитални, технички и интерперсонални вештини, обуките стануваат вистински двигател на трансформацијата. Само овој балансиран пристап обезбедува тим кој е технички подготвен, стабилен и способен да се прилагоди на современите предизвици на банкарството.
2. Како развојните активности придонесуваат за подобрување на перформансите и продуктивноста на тимовите во Банката?
Развојните активности имаат директно влијание врз тоа колку ефикасно функционира еден тим. Кога вработените се добро обучени, тие работат со повеќе сигурност и самодоверба, бидејќи точно знаат што се очекува од нив и како правилно да ги извршуваат задачите. Тоа значи побрзо завршување на процесите и подобра услуга кон клиентите.
Дополнително, се зголемува продуктивноста бидејќи вработените учат нови начини како да ја организираат работата или како да користат алатки кои го забрзуваат процесот. На долг рок, се придонесува тимот да биде поефикасен, поорганизиран и подобро подготвен за промени.
3. На кој начин овие активности влијаат врз мотивацијата и ангажираноста на вработените?
Сите развојни активности имаат значајно влијание врз мотивацијата и ангажираноста на вработените затоа што покажуваат дека организацијата инвестира во нивниот раст и развој. Кога вработените чувствуваат дека нивните знаења и вештини се важни и дека имаат можност да напредуваат, се зголемува нивната лојалност и посветеност кон работата.
Покрај тоа, тренинзите им помагаат на вработените да се чувствуваат посигурни и покомпетентни во извршувањето на своите задачи, што позитивно влијае врз нивната продуктивност и иницијативност. Кога постои можност за континуирано учење и развој, се создава чувство на перспектива и напредок, што дополнително ја зголемува ангажираноста.
Воедно, обуките често придонесуваат и за подобра соработка меѓу колегите, бидејќи овозможуваат споделување знаење и искуства, што позитивно влијае на атмосферата во тимот и организацијата во целина.
4. Како развојот на нови вештини преку тренинзи отвора нови можности за кариера во рамки на Банката?
Развојот на нови вештини е еден од најважните начини на кои вработените можат да растат и да напредуваат во рамки на Банката. Токму затоа, тренинзите претставуваат клучна алатка за отворање нови можности и за градење долгорочни кариерни патеки во организацијата.
Во текот на 2025 година Банката посвети особено внимание на развојот на лидерските и менаџерските компетенции. Во таа насока беа реализирани програмата „Leadership Journey“, како и активности во рамки на Програмата за управување со таленти, во соработка со надворешни консултантски компании. Овие иницијативи беа насочени кон унапредување на професионалните знаења и лидерските вештини на учесниците, како и кон поттикнување на развојот на лидерскиот потенцијал во рамки на Банката.

Преку втемелување на НЛБ-вредностите, Банката спроведе широка програма на тренинзи која комбинираше класични обуки, електронско учење и менторство. Како резултат на тоа, беа реализирани околу 900 тренинзи со над 51.000 часа обука, односно во просек 55 часа по вработен, што јасно покажува дека развојот на вработените е стратешки приоритет за Банката.
Со ваквиот пристап, Банката се позиционира како организација која активно го поттикнува растот, учењето и развојот на вработените, создавајќи позитивна и стимулативна работна средина.
5. Како Банката може да осигура дека обуките се практични и применливи во секојдневната работа?
Еден од најважните фактори за успешна обука е нејзината применливост. Вработените најмногу учат кога обуката е поврзана со реални ситуации од нивната работа. Затоа, обуките се дизајнирани да вклучуваат конкретни примери, студии на случаеви и практични вежби кои се блиски до секојдневните задачи на вработените.
Во таа насока, обуките во Банката се организираат како интерактивни сесии, каде што учесниците имаат можност активно да учествуваат, да поставуваат прашања, да дискутираат и да работат на конкретни сценарија кои се блиски до нивната секојдневна работа.
Вистинската вредност на обуките се гледа тогаш кога создаваат навика кај вработените да учат, да споделуваат и да напредуваат заедно. Кога имаме јасно поставен систем и создаваме култура што го поттикнува учењето, тренинг програмите стануваат природен дел од секојдневието, а резултатите траат подолго и се почувствуваат во целата Банка.
6. Дали покрај овие развојни мерки Банката спроведува други активности преку кои се зголемува чуствувото на лојалност и припадност кај вработените?
Се разбира, нам ни е важно целокупното искуство на вработените. Како компанија посветуваме особено внимание на создавање позитивна работна средина, се грижиме за нивната благосостојба и креираме активности кои ја поттикнуваат поврзаноста меѓу вработените.
Така, во текот на годината организираме различни настани кој ги јакнат тимски дух и енергија преку можност за дружење и неформална комуникација. На пример, покрај стандардната форма на “team building”, организираме серија на мини активности за одбележување на годишните времиња со по некој здрав оброк, ги славиме личните достигнувања и забавни хобија, се дружиме со децата на вработените преку забавни и едукативни програми, итн. Еден од најомилените настани кај вработените е и Family Day, кој го организираме за сите вработени и нивните семејства. Овој настан претставува прекрасна можност колегите со нивните семејства да се дружат во поопуштена атмосфера.
При организаирањето на настани, внимание посветуваме и на општествената одговорност и солидарноста и се трудиме да ги искомбинираме овие аспекти преку разни волонтерски акции, како еколошки активности, приготвување на храна за социјално ранливи категории, крводарителски акции, дружења во рамки на активности на добротворни организации, итн.

7. Какви иницијативи и активности спроведува во сегментот на благосостојбата и како вработените го прифаќаат тоа?
Грижата за благосостојбата на вработените е еден од нашите приоритети. Почнувајќи од обезбедување на одредени бенефити кои се однесуваат на грижата за здравјето на вработените, како приватно здравствено осигурување, превентивни прегледи и дополнителни слободни денови за здравствени причини, па се до организирање посебни денови посветени на машкото и женското здравје, со цел подигнување на свеста и поттикнување на превентивната грижа. Особено сме активни во промоција и полесен пристап до практицирање на разновидни спортски активности.
Покрај тоа, овозможуваме флексибилност на вработените на начин на кој ќе си овозможат поголем баланс помеѓу професионалната кариера и приватниот живот и на тој начин да допринесеме за нивната благосостојба. Нашите вработени можат да работат од далечина, со флексибилно работно време и имаат можност за порано заминување во петок, имаат поголема флексибилност во кодексот на облекување, користат слободен ден за роденден, им се радуваме со подарок за новороденче и на секој начин се трудиме да се чуствуваат ценети и вреднувани како личности.
Вработените ги препознаваат овие заложби на Банката и активно сев клучуваат како креатори на сопствениот раст и развој во насока на достигнување на сопствените потенцијали, но и водејќи кон позитивна организациска култура, одржлив успех и раст на компанијата.