Зошто „Алкалоид“?
Затоа што сме една од водечките фармацевтски компании во регионот,која постојано тежнее кон супериорен квалитет на производите, како и кон висока професионалност и континуиран успех. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ!
ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ КОН НАШИОТ ТИМ!
Работно место: Водечки специјалист за плати и бенефиции
Оддел: Човечки ресурси
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Човечки ресурси во модерна фармацевтска компанија која од секој аспект води грижа за своите вработени и доколку ги поседувате потребните квалификации, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!
Како ќе ве препознаеме?
• Имате завршено високо образование.
• Имате најмалку 5 години работно искуство во областа на управувањето со плати и надоместоци и со програмите за бенефиции.
• Имате работно искуство со аналитика, известување и со следење трендови за надоместоци, плати и бенефиции, како и искуство со изработка на forecasting-анализи и примена на современи модели за предвидување, со цел поддршка на планирањето на човечките ресурси и на донесувањето стратешки одлуки.
• Имате искуство со воведување и со оптимизирање на дигиталните алатки за плати и надоместоци и за HRIS-системи со цел подобрување на ефикасноста и на известувањето.
• Искуство во интернационални компании и работа со процеси за човечки ресурси на странски пазари ќе се смета за значителна предност.
• Манифестирате голема проактивност, самоиницијативност и агилност.
• Имате способност за стратешко и критичко размислување, за аналитички пристап во работењето и за решавање проблеми.
• Имате развиени комуникациски и преговарачки вештини и способност за тимска работа.
• Одлично го познавате англискиот јазик.
Цели и одговорности на работното место
• Развивање и воведување стратегија за плати и бенефиции по пазари, со цел обезбедување конкурентност на пазарот, внатрешна стандардизација и усогласеност со локалните регулативи.
• Спроведување анализи на локалниот и на интернационалниот пазар на трудот и изработка на benchmarking-извештаи, со цел усогласување на платите и бенефициите со индустриските стандарди и со стратешките цели на компанијата.
• Креирање програми за награди, засновани на перформансите, а во согласност со бизнис-целите.
• Оптимизација и управување со програмите за бенефиции и обезбедување нивна усогласеност со локалната регулатива.
• Подготовка на аналитика за следење на трендовите за надоместоци, плати и за искористеност и ефикасност на програмите за бенефиции и предлагање подобрувања, со цел зголемување на мотивацијата и задржување на вработените.
• Иницирање и активно учество во воведувањето и во оптимизирањето на дигиталните алатки и на HRIS-системите, со цел подобрување на ефикасноста и известувањето.
• Интерна комуникација и соработка со релевантните оддели и подружници на компанијата.
Што нудиме?
• Можности за континуиран професионален и личен раст и развој
• Компетитивни месечни приходи
• Дополнителни награди и придобивки во зависност од остварените цели
• Приватно здравствено осигурување
• Бенефиции за вработените и за децата на вработените
АПЛИЦИРАЈТЕ на следниов линк: https://career.alkaloid.com.mk/career_opportunities/details/86
„Алкалоид“ АД Скопје застапува политика за недискриминација по ниту една основа и во согласност со своите клучни вредности ја промовирa различноста во процесот на регрутација и на селекција
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.

