Вреди да се работи во Нобел

од 24HR

Нобел на своите вработени им овозможува да се стекнат со повеќе вештини и да напредуваат во нивните кариери. Вистинската лојалност на вработените во Нобел доаѓа од нивната доверба и респект за компанијата,бидејќи Нобел знае да ги препознае вредности на секој вработен и да ги цени истите.

Ние во Нобел го спроведуваме концептот “Достојни за Вас” со групи на вработени кои работат на подобрување на различните аспекти на компаниската култура, вклучувајќи;

  • “Живот” за работно опкружување и практики за задоволство на вработените;
  • “Кариера” за човечки ресурси и планови за кариера;
  •  “Развој” за практики за образование и развој;

Живот во Нобел

Наша цел е Нобел да го направиме најдоброто место за работа и за вработените и за потенцијалните кандидати. Ги спроведуваме нашите акциски планови засновани врз резултати од истражувањата и студиите на фокус групите кои ставаат акцент на физичките, менталните и емоционалните искуства на вработените во Нобел.

Спроведуваме многу практики за споделување на нашите дневни позитивни искуства, за зголемување на комуникацијата/интеракцијата помеѓу секторите и обезбедување учество и развој на вработените.

Инстант изненадувања: флексибилни работни часови, отворени состаноци, Нобел награди, социјални настани (забава за добредојде на летото), проекти за општествена одговорност одговорност.

Прочитајте нешто повеќе за:“За здравјето вреди” е мотото на Nobel

Кариера во Нобел

Ние го сметаме секој вработен во Нобел како талент и веруваме во важноста да се биде добар тим. Затоа, наш врвен приоритет е да ги поставиме вистинските кандидати на вистинското работно место, да ги менаџираме перформансите со процес на развој на таленти, да развиваме лидерски компетенции, да понудиме различни можности за кариера со кампањата „Патот до мојата кариера“ и да одржуваме долгогодишна соработка со сите вработени во Нобел.

Развој во Нобел

Поддржуваме континуиран развој и создаваме мотивирачко работно опкружување.

Со нашиот систем за управување со перформансите, ние ги оценуваме перформансите на вработените во Нобел на фер, систематски и мерлив начин, со цел да се осигураме дека ги постигнуваат своите индивидуални цели утврдени во согласност со целите на компанијата и обезбедуваат поддршка за области отворени за развој.

Делуваме со холистичка перспектива за нашиот развој преку обуки засновани врз компетенции, технички и фокус групи.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...