THRIVITY АКТИВАТОР

од 24HR

Секој еден од нас сака да работи на себе, на својата кариера и континуирано да напредуа во сите сфери на животот. Затоа, ние го креиравме нашиот Тривити Активатор – прирачник за развој на лично и професионално поле. 


 
Долгогодишното практично искуство во полето на развој на потенцијалите го преточивме во овој интерактивен прирачник наменет за луѓето кои бараат работа, менаџерите кои се посветени на развој на луѓето, експертите од областа на човечките ресурси, едукаторите и сите оние кои имаат желба за лична и професионална надградба. 
 
Искористи ги нашето знаење и искуство како инспирација да го започнеш патот кон постигнување на твоите цели и остварување на твојот потенцијал!
 

THRIVITY АКТИВАТОР е интерактивен водич во развојот на вашите потенцијали, кој ја промовира културата на континуирано учење кај поединците, организациите и во општеството.

Авторскиот тим понуди алатка за развој на 70 бихевиорални компетенции, која на едноставен, но софистициран и прагматичен начин ќе ги крене личниот и професионалниот развој на едно ново, повисоко ниво.

THRIVITY АКТИВАТОР инспирира високо ниво на свесност за сопствениот личен развој, мотивира прогресивен лидерски стил кој грижата за луѓето и нивниот напредок ги препознава како клучен фактор за успех.

Наменет е за луѓето кои бараат работа, поединците кои имаат желба за лична и професионална надградба, менаџерите кои се посветени на развој на луѓето, експертите од областа на човечките ресурси и едукаторите кои ќе им ги доближат компетенциите на учениците и студентите, како неопходност за иднината.

Искористи ги знаењето и искуството пренесени во овој прирачник како инспирација да се оствариш себеси како личност и професионалец.

Прирачникот може да го купите на следниот линк:https://lnkd.in/dp32bM54

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...