Дигитален, on-line, компјутеризиран, автоматизиран…безброј варијации на еден збор,со една цел-дигитализација

од 24HR


Дигитализацијата, секако дека стана “buzzword” (клучен збор) изминативе години. И тоа не е само фраза или тренд кој инстиктивно го пратиме, туку многу повеќе. Во корпорациска смисла дигитализацијата стана секојдневие, начин на живот, на комуницирање, на учење…, па дури и на дружење.

Придобивките од возбудливиот дигитален свет кој постојано се раѓаа насекаде околу нас во разни форми, секојдневно ја будат нашата креативност за да навлеземе и да ги искористиме бенефитите кои ни се нудат. Сега, за нас, за вработените во Македонски Телеком стана навистина лесно да се сертифицираме со курс на Oxford или Jeil токму од тука, од нашето столче на работното место или пак во удобноста на нашиот дом. Можеме да бидеме дел од сите Microsoft програми, да разменуваме искуства со врвните експери од Дојче телеком со само еден клик…  Дигитализацијата успешно ги брише километрите кои не делат, финансиските предизвици и временските разлики. За разлика од претходно, сега ни е потребно само волја, страст за учење и тивко место.

Ние храбро нурнавме во новиот свет, ги испитуваме неговите технолошки граници и им го приближуваме на вработените и на корисниците.

ДИГИТАЛНИ НИНЏИ

Интернационалната ДТ програма за дигитални нинџи е група од колеги од различни земји-членки на ДТ кои делат иста страст кон промени и growth mindset. Тие се ентузијасти за учење на нови дигитални трендови во нивната област, а посветени  за да им помогнат и на другите за да развијат нови вештини кои им се потребни да живеат, учат и да работат во општество каде комуникацијата и пристапот до информации се повеќе се одвива  дигитално. Тие учат и развиваат продукти во областа на дигиталната трансформација, дигитален маркетинг, дигитален mindset, дигитална соработка.

Целта на оваа програма е да се забрзаат процесите на дигитализација, да се научат новите техники и да се пренесат светските трендови на ова поле.

МАРИЈА ШАРЛАМАНОВА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАЛОПРОДАЖНА ЛОГИСТИКА

Тимот на Дигитални нинџи се состои од колеги од различни профили, возраст и работни обврски. Сите во својот домен на работа учествуваме во проекти што се поврзани со дигитализација. Соработката е навистина многу спонтана и без хиерархија

ГАБРИЕЛА ГЕОРГИЕВСКА
ВИШ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КАНАЛИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Да бидам искрена, бев воодушевена кога станав дел од дигиталната заедница бидејќи оваа програма ни покажа како да ги прифатиме промените и како да ги охрабриме и другите да го направат тоа.”

ИВО ДРОБЊАК
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ И УПРАВУВАЊЕ СО ЗНАЕЊЕ

“Програмата ја препорачувам на секој кој сака да излезе од својата комфорна зона и да ги прошири своите хоризонти, секој кој има идеја, а немал можност да ја реализира, секој кој сака да се надгради на професионален план и да помогне во градењето на иднината

ПЕТАР ДИМИТРИЈЕВИЌ
АНАЛИТИЧАР ЗА КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО

Несомнено можам да кажам дека ми се отворија нови перспективи, размислувања, можности, интернационални бизнис познанства и пријателства, но и предизвици кои допрва претстојат.
Учењето и надоградувањето НИКОГАШ не запира!.”

СЕРТИФИЦИРАЊЕ

Без разлика дали ги прават првите чекори или веќе се експерти, нашите вработени имаат можност да стекнат нови вештини и да ја подобрат кариерата преку курсеви кои се реализираат на редовна основа во текот на годината. Во времетраење од 2 месеци, под менторство и водство на експерти нашите вработени се сертифициаат за Data Analytics, Software Development, User Experience, Digital marketing basis и Artificial Intelligence. Оние со поголемо искуство работат на Data Visualization with Power BI, Data Engineering with Python и Data Science with Python.
Microsoft како наш партнер, ни овозможува постојано сертифицирање во сите сегменти потребни за вработените.

ПЛАТФОРМИ ЗА УЧЕЊЕ

Percipio и Cursera се добро познати и посакувани платформи во светот на оние кои постојано учат. Во Македонски Телеком нивната употреба е на дневна основа, достапно секаде и секогаш. Квалитетот и тежината на програмите за учење на овие платформи се од врвни универзитети и експерти, а покриваат тематики од сите области.

Секторот за човечки ресурси исто така прави исчекор во насока на дигитализацијата. Преку PowerBi целосно ги дигитализираме податоците за подготовка на анализи од секаков тип.

Предизвиците и можностите на новиот, поинаков – свет 2.0, кој се менува со неверојатна брзина, отвора нови хоризонти, а како лидери во дигиталната трансформација постојано нè става на тест. 2023 e годината на МАГЕНТА, нашата корпоративна боја чии атрибути се храброст, флексибилност и оптимизам, па во тој дух и работиме, со позитивна енергија и елан за новите предизвици.

Но, физичкото присуство и дружењето е нешто што дигитализацијата не треба и не може да го замени. Затоа паметно да ги користиме придобивките на дигитализацијата, без да ги нарушиме социјалните контакти и врски, кои секогаш, без искучок и конкуренција се најважните моменти вредни за паметење и споделување.

За авторот:

Илина Демирева – Специјалист за HR комуникација и ангажираност на вработените во Македонски Телеком. Професионалец со повеќегодишно искуство во областа за човечки ресурси. Енергична и креативна со фокус кон ХР комуникација, креација и имплементација на програми за задоволство и задржување на вработените, како и кон се она што подразбира предизвик и успешна приказна со потписот на Телеком.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...