Глобален играч со повеќе од половина век искуство, Нобел е основана во 1964 година како компанија со 100% турски капитал. Денес, Нобел работи со вкупно пет објекти, од кои три се во Турција, додека спроведува активности за промоција и продажба со свои организации во 20 земји. Имајќи кадар од околу 3.000 лица кои се експерти во нивните области, Нобел ги извезува своите квалификувани производи во 50 земји, кои ги произведува според највисоките меѓународни стандарди.
“За здравјето вреди“
Секој ден,нашата сила и најсилни напори ги посветуваме на здравјето.Секој чекор во Нобел,создава вредност во здравството.
Создраваме глобални брендови во фармацевтските производи
Биотехнологијата е наш стратешки приоритет
Биотехнологијата е клучна за унапредување во фармацевската индустрија во служба на здравјето на луѓето.Работиме на биотехнолошки производи кои нудат нови можности во лекувањето,широка достапност како во Турција така и во странство.
Со изјавата Ти Вредиш
Со цел да го подобри квалитетот на животот на луѓето, со ефективни и висококвалитетни производи произведени според меѓународните стандарди, Нобел ги спроведува своите активности за промоција и продажба со свои организации во Европа и Азија, во согласност со истите етички и одамна воспоставени стандарди кои се вкоренети во Турција.
Нашата мисија Да се подобри квалитетот на човечкиот живот со тоа што работиме со мотото „Сè вреди за здравјето“, и нашата визија Да се обезбеди пристап до сигурни, висококвалитетни производи за човековото здравје ширум светот, се двигателот кој го одредува и пристапот кон нашите човечки ресурси. Ние ја цениме личната сатисфакција го вреднуваме и подржуваме задоволството на вработените, го вреднуваме нивниот труд и допринос и вложуваме во нивниот развој и доусовршување..
“Достојни за Вас”, на вработените во Нобел им нудиме работна атмосфера каде владее чувство за припадност и желба за работа, истовремено овозможуваме едукативна и кариера на која нашите вработени се гордееат.
- Ние ги прифаќаме промените. Ги следиме можностите, покажуваме храброст и верба во сите процеси на промена, и ги надминуваме препреките.
- Ние носиме ефективни одлуки. Размислуваме стратешки, ја надминуваме неизвесноста. Донесуваме рационални одлуки со идентификување на причините и последиците.
- Ние сме ориентирани кон резултати. Планираме прецизно и развиваме алтернативни сценарија што одговараат на барањата. Ние ги оценуваме проблемите и ги решаваме.
- Ние развиваме таленти. Го поддржуваме развојот на кариерата на вработените. Ефективно ги користиме практиките за обука и менторство, примаме и обезбедуваме конструктивни повратни информации. Го охрабруваме успехот, го наградуваме и го поддржуваме континуираното учење.
- Ние ја зајакнуваме соработката. Комуницираме отворено во позитивно деловно опкружување каде сите се почитуваат меѓусебно.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.