ЗОШТО HR ANALYTICS? БРЗА HR ПОДДРШКА, ДОДЕКА ВАШИОТ БИЗНИС РАСТЕ

од 24HR

Кога расте бизнисот, растат и одговорностите и задачите

Дигитализацијата на четвртата технолошка револуција од ден на ден, побрзо отколку што можете да замислите, ги поместува границите во човечкитересурси, не само кај HR менаџерите, туку и кај сите вработени во компаниите. Како што растат предизвиците со огромна брзина, така растат и можностите за оние бизниси кои се соочуваат со предизвиците.

Секој предизвик може да биде напредок и раст на бизнисот, ако HR секторите се во постојан тек со трендови, брзи се и се прилагодуваат. Па затоа, како што расте бизнисот, така растат изадачите со него и одговорностите заземаат поширок опсег. Секторите зачовечки ресурси во насока на брзиот развој мораат да применуваат нови
практики за организација и реализација на сите процеси. Аналитика на дел од процесите, значително ја олеснува работата во секторите за човечки ресурси. Аналитиката на човечки ресурси го поддржува бизнисот во неговата потрага по високи перформанси, бидејќи ги дигитализира деловните процеси. На пример, додека организациите мигрираат клиенти кон автоматизирани дигитални канали, вклучително и интерфејси со вештачка интелигенција, HR аналитиката поддржува следење како промената влијае на задоволството на работната сила и
продуктивноста.

На тој начин се остваруваат бројни придобивки кои се рефлектираат во намалување на трошоците, прецизна сегментација на пазарот, употреба на аналитички алатки, но пред се подобрување на искуството на потрошувачите
или клиентите, бидејќи тоа е само она што е важно кога ќе се повлече линијата на крајот од работниот ден. Многу од менаџерите за човечки ресурси кои се соочени со брзината, сакаат централизиран, автоматизиран и стандардизиран процес на огласување слободни работни места и избор на кандидати во една база на податоци и една
локација, со кој олеснуваат голем дел од целосниот процес за регрутација, заштедуваат време и имаат можност да се фокусираат дирекно на одредени кандидати. Новите прилагодени софтвери за следење на целиот овој процес се комплетно прилагодени, едноставни се, стандардизирани, безбедни и практични.

Ова е особено битно кога се работи за процена на луѓето, категоризација и приоретизирање. Предностите на Аналитика на човечките ресурси се согласно предизвиците кои се случија изминативе години и овозможуваат подобра и побрза
функционалност на одделите за човечки ресурси. Функционалноста во подобрувањето на процесите со аналитика се огледаат во следниве придобивки:

  1. Стандардизацијата на ваквите прилагодени процеси овозможува да се намали времето на разбирање на разни апликациии и да се систематизираат во еден облик со сите потребни податоци и за сите апликанти.
  2. Има комплетен организиран пристап до сите податоци на едно место, при што брзо може да се префрлат од кандидат до кандидат. Подобра ориентација на податоци.
  3. Прилагоден е за сите потреби на разни индустрии и компании, при што ги има во сите варијации.
  4. Голем избор на опции и сортирање на податоци според одреден параметар и квалитет.
  5. Лесно и брзо комуникацирање со кандидатите и со вработените.

Колку и да се мисли дека со дигитализацијата се оддалечуваме од луѓето, всушност целта е полесно и побрзо да се приближиме заради брзиот развој кој не трансформира како бизниси. Со можностите кои ги нуди Аналитиката во
човечките ресурси, насочени сме на брзо но и квалитетно реагирање на сите луѓе (кандидати и вработени), полесна комуникација со сите, и време за дирекно посветување на квалитетот на луѓето кои се бенефит за компаниите

За Авторот:

Марија Конеска основач на Консалтинг за човечки ресурси ДООЕЛ, и Центар за развој, едукација и советување МАША МАРИЈА. Работам како HR менаџер, консултант и психолог и психотерапевт
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...