Зошто Ситуацискиот пристап кон Лидерството ја прави вистинската разлика

од 24HR

Сања Стаменковиќ – External consultant, coach and trainer H.art Development Centar, кој е ексклузивен партнер на Blanchard програмата за Балкан повеќе од 10 години

Големите лидери го гледаат потенцијалот во своите вработени  и се залагаат за нивната иднина покажувајќи го патот до успехот на својот тим и организацијата. 

SLII® моделот има четири стилови на лидерство кои користат различни нивоа на поддржувачко и директивно однесување. Лидерските стилови се совпаѓаат со 4-те нивоа на развој на вработените, од ентузијастички почетник (ниво Р1 се карактеризира со недостаток на компетенции и висока мотивација) до целосно развиен експерт (ниво R4 кога  вработениот има високо развиени компетенции и висока посветеност). Лидерите флексибилно користат 4 стила на лидерство, односно директивно и поддржувачко однесување, во зависност од развојните потреби на нивните вработени.

Инструирање С1: висока директива и ниско поддржувачко однесување

Коучинг С2: висока директива и високо поддржувачко однесување

Подржување С3: ниска директива и високо поддржувачко однесување

Делегарање С4: ниска директива и ниско поддржувачко однесување

Однесувањето на ефективни лидери се специфични за контекстот, тие се усогласуваат со  развојното ниво и одредена цел и задача. Лидерите кои учат како да го приспособат својот стил на лидерство на ситуацијата, односно на нивото на развој на вработениот, инспирираат и обезбедуваат подобри перформанси и задоволство на луѓето што ги водат.

Моделот SLII® покажува дека не постои единствен најдобар стил на лидерство; секој од четирите стилови на лидерство може да биде соодветен во зависност од потребата во дадена ситуација. Ефективните лидери го менуваат својот стил на лидерство во зависност од ситуацијата и личноста што ја водат – флексибилноста на лидерот е клучот за ефективноста.

Поради помалку формалното испитување на меѓузависноста на ефектите на директивното и поддржувачко однесување врз вработените, истражувачите во Blanchard® дизајнираа студија за да ја испитаат ефективноста на 4-те стилови на лидерство на моделот SLII®.

Поточно, студијата требаше да одговори на 3 прашања:

  • Дали вработените пријавиле дека ги добиле сите 4 стила на лидерство од нивниот лидер?
  • Дали вработените чувствуваат дека им се потребни сите 4 стила на лидерство од нивниот лидер?
  • Кога вработениот добива ниво на насока и поддршка, т.е. соодветен стил на водство во согласност со она што тој чувствува дека му треба, дали тие имаат попозитивно мислење за лидерот и за работна средина.

Резултатите кои ги издвојуваме го покажуваат следното:

Кога вработените пријавиле усогласеност помеѓу стилот на раководење на менаџерот и стилот на раководење што им е потребен, тие покажале поголеми намери да:

  • Повеќе му веруваат на својот лидер
  • Бидат попозитивни во нивната работна средина
  • Бидат попозитивно ориентирани и да го дадат својот максимум на работа
  • Остануваат на работа
  • Се однесуваат на начин кој носи придобивки за организацијата
  • Организацијата ќе ја препорачаат на колеги, пријатели, роднини

Ова не значи дека лидерите автоматски знаат како да користат различни стилови и како да ги прилагодат на потребите на вработените. Важно е лидерите да ги развијат вештините за дијагностицирање на нивото на развој на нивните вработени, за да можат соодветно да го испорачаат потребното ниво на директивност и поддршка на секој поединечен вработен за одредена задача. Различни вработени на различни задачи се на различни нивоа на развој. Истражувањата покажуваат дека на вработените им се потребни различни нивоа на директивност и поддршка во зависност од нивото на компетентност и посветеност што го имаат за одредена задача. Проблемот настанува ако раководството користи само еден или два стила на лидерство кои ги применува за секого во сите ситуации.

Ефективните лидери им даваат на своите вработени токму она што им треба, кога им е потребно. Тие обезбедуваат водство, грижа, слобода, обезбедуваат вистинска количина на насока, насока и поддршка за да ги поддржат своите вработени на нивниот пат кон успехот. Лидерите знаат како да развијат компетентен, независен изведувач кој побрзо ги постигнува посакуваните организациски резултати.

Ова е нов свет за лидерите. Бизнисот се движи многу брзо, а сложеноста на работната средина е застрашувачка. Само оние кои водат ситуациски ќе ги инспирираат своите тимови кои ќе можат да одговорат на денешните предизвици. Овој тип на лидерство е клучен за постигнување конкурентска предност.

SLII® ги овластува лидерите да водат автентични разговори кои ги подобруваат перформансите и ослободуваат таленти.

Истражувањето во целост можете да го погледнете на следниот линк.

Повеке  за обуката SLII® на сајтот Blanchard Serbia или на маилот sanja.stamenkovic@hart.rs 

За авторот:

Сања Стаменковиќ –External consultant, coach and trainer H.art Development Centar, кој е ексклузивен партнер на Blanchard програмата за Балкан повеќе од 10 години.Професионалното искуство е 16+ години како ХР, во фармацевтската и ИТ индустријата. По професија магистер по психологија, КБ коуч, сертифициран тренер. Како менаџер за човечки ресурси,бев задолжена за МК пазарот околу 5 години. Дел од тој период живеев во Скопје. Имам многу убави спомени од тој период кога работев со моите колеги. Многу заеднички, индивидуален и организациски раст и развој, со голем ентузијазам и неизбежна работа.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...