Покажување благодарност во бизнисот

од 24HR

Колумна на Ангела Петрушевска – Специјалист за регрутација во ITtude

Изразувањето благодарност на работно место придонесува секој член на компанијата да се чувствува ценет и дека нивниот придонес е значаен.

Често ни е потребно пократко време ако одлучиме за да се пожалиме во врска со работата, но за да искажеме благодарност можеби ќе поминат месеци или години и сè уште ќе се чувствуваме непријатно да му изразиме благодарност на колегата, менаџерот, вработените или некое друго лице во компанијата.

Обично и го сметаме изразувањето на благодарност повеќе поврзано со пријателства, партнерства или семејство но многу поретко со деловниот свет.

За да се има еден успешен бизнис треба да градиме цврсти односи со нашите добавувачи, партнери, вработени, клиенти, соработници, па и со случајни минувачи. Усвојување навика за изразување благодарност во бизнисот е еден од начините со кои можеме да придонесеме да се негуваат овие односи.  Сепак, тоа не треба да се однесува само за време на празничната сезона или со купување подарок. Всушност, моќта на благодарноста ја гледаме во доследноста и искреноста. Кога ќе ја практикуваме секојдневно, а не само повремено, ефектите ќе ни бидат многу подлабоки и позначајни, одразувајќи се на секој аспект од компанијата.

Веќе е заменето застареното гледање на бизнисот како ладен, без каква било лична интеракција. Односите се продлабочуваат кога луѓето се чувствуваат слушнати и ценети.

Според едно истражување на Glassdor се покажа дека 81% од вработените би биле подготвени понапорано да работат кога нивниот шеф е благодарен и покажува ценење за нивната работа. Друго истражување пак открива дека вработените кои практикувале благодарност земале помалку боледувања.

Овие истражувања и добиените статистики од нив ни сугерираат дека благодарноста во лидерството е важна, а компаниите кои градат култура на благодарност веројатно ќе ги искористат придобивките од попродуктивна, повеќе ангажирана и здрава работна сила.

Придобивки од покажување благодарност на работното место

  • Го подобрува менталното и физичкото здравје на вработените.
  • Вработените се чувствуваат повеќе ангажирани и се подготвени да вложат повеќе труд во работата.
  • Клиентите стануваат позадоволни поради подобрените перформанси на вработените.
  • Тимовите стануваат покооперативни и поефикасни.
  • Помага во градењето на силни и поблиски односи на работното место.
  • Културата на благодарност предвидува поголемо задоволство од работата.
  • Културата на компанијата е голем фактор за задржување на вработените, да се полојални и со помала веројатност да бараат други работни места а и придонесува во вклучување на врвни таленти.
  • Изразувањето благодарност не влијае само на внатрешните односи меѓу колегите и раководството. Може да го подобри односот помеѓу бизнисот и неговите клиенти или да ја зајакне довербата помеѓу партнерите или инвеститорите.

Никогаш не ја потценувајте моќта на „благодарам “. Секој сака да се чувствува препознаен и дека нивната работа е ценета. Искажана со некои од наједноставните форми бара минимално време и внимание а ефектите се многубројни од зголемување на благосостојбата, енергијата, ангажираноста па се до изведбата, продуктивноста и задржувањето што влијае на подобрување на деловните резултати.

Работните места имаат различни вработени, секој со уникатни стилови на комуникација, позадини и вештини. Важно е да се земе во предвид дека не секој сака да добие јавна благодарност. Потребно е да се откријат индивидуалните преференции и да се изрази благодарност на повеќе начини. Бидете искрени и сочувствителни додека ја покажувате вашата благодарност. Вработените треба да чувствуваат дека навистина го мислите она што го кажувате. Исто, важно е да покажете навремена благодарност штом ќе се заврши некоја работа а не неколку недели подоцна.

Изразувањето на благодарност е доста важно како за личните односи така и за бизнисот и има многу што да се зборува околу тоа, за крај би ги спомнала и мудрите зборовите на Џон Ф. Кенеди за благодарноста:

,,Додека ја изразуваме нашата благодарност, никогаш не смееме да заборавиме дека најголемата благодарност не е да се изговорат зборови, туку да се живее според нив.”

За авторот:

Ангела Петрушевска – Специјалист за регрутација во ITtude. Водена од мотивот за поврзување на поединци со вистинските можности каде што може да напредуваат и да имаат професионално исполнување.

Дипломиран психолог при Филозофскиот факултет во Скопје, насочена кон важноста на личниот и професионален раст и развој.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...