Зошто треба да ги обучите вработените кој се почетници во вашата компанија?

од 24HR

Студентите ќе излезат надвор од факултетот и подготвени ќе ги започнат своите кариери. Ако веќе сте работеле со помладите генерации, веќе ви е познато дека тие го ценат учењето и развојот.

Но многу менаџери лидери и компании се прашуваат дали навистина треба да обучуваме вработени кои се почетници?Тие се сега излезени од факултет и нема да бидат заинтересирани за било каква обука.

И што е со трошоците,обуката може да биде скапа. Што ако инвестирате во обука на нови вработувања и потоа да го напуштат работното место и да ги искористат своите нови вештини на друго место?

Сите вработени во вашата организација имаат придобивки од обука, вклучувајќи и вработените што ја започуваат својата кариера.

 Воведувањето програма за обука при влез на вработени е добар начин да ја зајакнете продуктивноста, вашата компанија ќе бележи раст уште од самиот почеток,бидејќи ќе се зашдети на време.Вработениот нема да лута и да трага по потешкиот пат за учење на новите вештини и рутини кои ги налага работното место.

Развојот на талентите/почетниците е од витално значење за одржлив раст на бизнисот и уште поголем успех. Организациите минуваат низ долги процеси за да регрутираат и се стремат кон квалификувани и соодветни вработени, но честопати акцентот застанува таму, но многу деловни лидери ја знаат важноста за развој на своите вработени и негување на нивниот потенцијал.

Обуката не значи само да се дадат насоки на вработениот како да се заврши работата која му е во описот на работното место . Станува збор за подготовка/обука на вработените да напредуваат на работното место и да ги спремат со нови вештини што ќе им помогнат да растат.

Прочитајте повеќе за : 1 грешка која сите ја правиме во огласите за вработување почетници

Но што со прашањето за трошоците.Ќе добиете намален обрд Кога ќе им обезбедите на вработените можности за развој, без оглед во која фаза од нивните кариери се наоѓаат, тие ќе видат дека се грижите за нивната иднина. Вработените кои се чувствуваат поддржани во своите цели во кариерата, веројатно ќе останат со својата компанија.

Поголема продуктивност. Инвестицијата во растот на вработените е инвестиција во растот на вашата компанија. Кога им давате на луѓето вештини и алатки што им се потребни од првиот ден, тие ќе станат посилни средства за вашата компанија.

Придобивките и вредноста на обуката и развојот делуваат на сите сегменти во компанијата Лидерите се чувствуваат моќни и можат ефикасно да влијаат врз перформансите на вработените,квалификувани вработени резултира со благосостојба во работната средина,како и нивна посветеност.

И кога нудите можности за обука и развој на новите вработени, инвестирате во растот на вашата компанија. Клучот е да се разбере каква обука да се понуди во оваа фаза од кариерата на вработениот и да изберете најдобар начини да ги спроведете.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...