Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ нуди можности за брзо и ефективно доквалификување на ЧР професионалците

од 24HR

Интервју со Стефан Јовановски, ЧР Директор на А1 Македонија, за неговата улога на предавач и ментор на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ

Привлекувањето и задржувањето на врвни таленти е најголемиот предизвик со кој се соочуваат ЧР професионалците во Македонија, но и насекаде во светот. Платата повеќе не е најважниот фактор при избор на работно место бидејќи сѐ повеќе луѓе преферираат да работат во компании со добар имиџ кои на вистински начин ги третираат своите вработени. Со други зборови, секој од нас преферира да работи во компанија со добар бренд на работодавач (Employer Brand). Но, како да дојдеме до еден таков бренд на работодавач?

Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ е наменета за секој извршен директор или професионалец за човечки ресурси кој сака да ги развие потребните компетенции и експертиза кои се неопходни за развој на една целосна и сеопфатна стратегија за Employer Branding. Академијата овозможува уникатен пристап комбинирајќи тренинг програма од 6 модули и индивидуални менторски и коучин сесии со врвни HR експерти и искусни коучеви.

Еден од предавачите на Академијата е и Стефан Јовановски, ЧР Директор на А1 Македонија, со кого 24HR имаше можност да поразговара за неговата улога на предавач и ментор на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ.

Вие бевте дел од тимот кој го создаде концептот на Академија за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ, што идентификувавте како предизвици во делот на Employer Branding?

При проучување на однесувањето на компаниите во поглед на employer branding на нашиот пазар воочивме две големи слабости. Првата е дека можеби компаниите имаат добри интерни практики за човечки ресурси меѓутоа лошо ги комуницираат надвор на пазарот. Додека втората група на компании се оние кои едноставно не прават ништо и не доделуваат големо значење на ЧР професионалците на таа компанија.

Академијата има за цел да ја затвори таа празнина со еден концепт за тоа како треба да биде брендингот на компаниите во иднина, односно како да се искористи подобро перцепцијата на пазарот на трудот за работењето на компанијата и како подобро да се искористи влијанието на вработените и нивниот впечатокот за практиките на таа компанија.

На кој начин се доквалификуваат ЧР професионалците преку учество на оваа Академија?

Академијата нуди одлични можности за брза е ефективна доквалификација на професионалците за човечки ресурси, со напредни вештини за изготвување и имплементирање на модерни ЧР практики и нивно презентирање во Стратегија за employer branding на компанијата.

Добро за учесниците на академијата е што користиме навистина свежи(најнови) материјали кои се извадени од нашето секојдневие, како и примери на најдобрите практики кои што постојат во нашето опкружување, меѓу кои и од практиките на А1 Македонија, компанија добитник на единствената employer branding награда за 2020 и признанието од Македонската асоцијација за човечки ресурси за најдобра ЧР практика за 2019 година.

Тоа ми дава кредибилитет да зборувам на оваа тема, како и многу деталните предавања и материјали што ги споделивме со учесниците на академијата со кои што продолживме да се дружиме и на менторските сесии со секој од нив. Преку менторската програма со учесниците подлабоко навлеговме во спецификите на секоја од компаниите и ги адресиравме клучните прашања и предизвици поврзани со подобрување на состојбата на брендингот и неговата поврзаност со другите интерни практики во компаниите.

Резервирајте го вашето место на Академијата за Employer Branding денес и добијте 10% Early Bird попуст за пријава до 15 јануари! За повеќе информации посетете го линкот или јавете се на +389 76 202 250.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...