Учеството на Академијата за Employer Branding ни помогна да унапредиме неколку клучни ЧР процеси и да изготвиме Employer Branding стратегија

од 24HR

Интервју со Емилија Димитриевска, Head of Corporate Services & HR во One Inside, за нејзините впечатоци на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ

Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ чиишто уписи се во тек, има за цел да им помогне на извршните директори и ЧР професионалците во решавањето на главните предизвици кои произлегуваат од Employer Branding-от на нивната компанија. Учесниците на оваа Академија која започнува на 15 февруари ќе имаат исклучителна можност преку соработка со врвни HR експерти од ИКТ секторот и искусни коучеви од ВИТА ИНСТИТУТ да развијат ефикасна стратегија за привлекување и задржување на најдобрите таленти во рамките на својата организација.

Сакајќи да ја доближиме Академијата до луѓето од македонската ЧР заедница, 24HR направи интервју со една од учесниците во првата група на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ. Во продолжение, прочитајте за впечатоците на Емилија Димитриевска, Head of Corporate Services & HR во One Inside.

Кои се вашите лични придобивки од учеството на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ?

Професионалното усовршување бара посветеност, тоа дава и лично задоволство кое пак дава неизбежен резултат во рамките на организацијата.

Тоа беше и моето искуство со учеството на Академијата за Employer Branding. Сите предлози и насоки кои ни беа дадени од менторите беа позитивно прифатени и имплементирани во пракса.

Од секој модул имаше што да се слушне, што да се научи и понатаму што да се имплементира.

Кои новини ги воспоставивте во ЧР во вашата компанија, поврзано со employer branding стратегијата?

Еден од сегментите на кои работевме беше „Привлекување и задржување на вработени како и намалување на флукторирањето на кадарот“. Со таа цел направивме подобрување на неколку клучни ЧР процеси во неколку области кои вклучуваат:

  • Идентификување на проблематичните области на компанијата во однос на брендирањето на работодавачот и практиките за човечки ресурси
  • Надградување на тековната постапка за вработување
  • Воспоставување на програма за задржување на таленти

Би сакала да споменам дека во еден од модулите беше издвоенo дефинирањето на „идеален кандидат“. Тој метод ни овозможи да ги увидиме сите аспекти кои влијаат во формирањето на идеалниот тим кој на некој начин ќе биде наш бренд амбасадор. За оваа цел се зeмаат во обзир сите вредности со кои што тој вработен е задоволен.

Задоволството на еден вработен го идентификува него како индивидуа и потоа се тоа се манифестира во рамките на тимот кој што е дел од компанијата.

На кој начин во рамки на Академијата работевте на подобрување на имиџот на компанијата во јавноста?

Паралелно со работата на интерните ЧР практики, направивме профили на социјалните мрежи на компанијата со определена содржина која ја полниме и објавувавме според employer branding календарот. Во преговори сме и за дополнување на соджината на групацискиот профил на компанијата на LinkedIn профилот во однос на ЧР содржини.

Менторите не водеа во успешно изготвување на значајните алатки и во овој дел:

  • Воспоставување стратегија за брендирање на работодавачот и план со календар за 2020/2021 година
  • Дефинирање на процесот за регрутација со користење на дигителен маркетинг

За сите новини во работењето да ги примениме успешно од особена корист ни беа менторските сесии на кои што работевме на конкретните потреби.

Како додадена вредност на програмата на Академијата беа понудени и коучинг сесии, за развој на лидерските вештини, комуникациските способности, како и разбирање на коучингот како успешен принцип за креирање на систем за поставување цели.

Откријте ги тајните на успешниот Employer Branding со ВИТА ИНСТУТИТ!
Резервирајте го вашето место на +389 76 202 250
http://vitainstitut.com/mk/employer-branding-academy/

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...