Како да ја заштитите вашата кариера при неочекувани промени во вашата компанија

од 24HR

Откријте како да одговорите ефективно кога вашиот работодавач поминува низ голема транзиција која може да влијае врз вашата кариера.

Промената за повеќето луѓе претставува непријатна појава. Кога таа се случува на работното место и ја загрозува вашата егзистенција, оваа нелагодност може да прерасне во страв кој доколку го оставите може да има негативен импакт врз вашата кариера. Но, вашиот одговор може да направи значителна разлика.

Организациите се постојано подложни на промени. Најчесто, тоа се промени во нивните раководни тимови. Тие, честопати, се резултат на спојување на два деловни субјекти, продажба на компанијата или аквизиција од некоја друга компанија.

Промени во раководниот тим на ентитетот може да настанат и од причини кои не се поврзани со спојувања или аквицизици. Еден таков случај е кога одборот на директори на компанијата ќе одлучи да внесе нов талент кој ќе ги замени недоволно успешните извршни директори или пак кога менаџерите на повисоко ниво ќе одлучат да се повлечат. Дополнително, промените на вишиот минаџмент може каскадно да предизвикаат промени и во средниот и нискиот менаџменто, а тоа не еден или на друг начин ќе го промени вашето работно место.

Која е врската помеѓу промените на менаџментот и промените на вашето работно место?

Ефектот што ќе го има новата управувачка структура е првично врз културата на компанијата – карактерот на организацијата заснован врз нејзините вредности и филозофија – и тој може да биде суптилен или прилично забележителен. Така на пример, неформалното работно место може да стане формално и обратно. Вашиот нов шеф може да се намурти на големите роденденски прослави што барем еднаш месечно се случуваат во вашата канцеларија или може да ги охрабри истите тие прослави коишто вашиот претходен надреден не ги дозволувал.

Сепак, постојат и други промени кои може да бидат уште понепријатни и значително да ја засегнат вашата кариера. Да земеме пример кога една компанија ќе се спои или е купена од друга. Во тој случај, голем дел од секторите се дуплираат, а добро знаеме дека на една компанија не и требаат две одделенија за човечки ресурси, две одделенија за сметководство и слично. На тој начин, може да се случи дел од вработените да бидат прераспределени, а некои од нив дури и отпуштени.

Како да се справиме со промените на работното место?

Во реалноста, секоја компанија во одреден период од својот развој ќе се соочи со вакви транзициски предизвици. И додека самиот акт на промена е неизбежност, начинот на кој ние ќе одговориме и ќе се поставиме може да го промени курсот на движење на нашата кариера. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се соочите со промените на вашето работно место:

Станете експерт за промени

Колку повеќе знаете за тоа што се случува, толку подобро ќе можете да реагирате на тоа. Истражете и дознајте ја природата на спојувањето или преземањето или што и да е во основа на промената во менаџментот. На овој начин, вие ќе создадете очекувања за тоа како и каде промените ќе направат најголеми „потреси“ и дали тоа ќе влијае на вашата работна позиција.

Спознајте го новиот менаџерски тим

Дознајте со кого ќе работите. Посетувајте ги најразличните настани што вашиот работодавач може да ги организира за да го претстави новиот тим пред вработените. Кога ќе наидете на непознато лице околу вас, започнете разговор. Продолжете го вашето истражување онлајн за да дознаете повеќе за новиот персонал.

Бидете реални во врска со промените

Луѓето, генерално, се плашат од промените, но важно е да се напомене дека не сите промени се лоши. Некои може да доведат до подобрување на вашата позиција и да го зголемат вашето задоволство на работа. Но секако, постојат и такви кои може да направат да не сакате да дојдете на работа. Затоа, пристапете и на новата транзиција со отворен ум. Сфатете дека за одредени промени е потребно време додека не се навикнете на нив, а некои може да продолжат да ви создаваат непријатно чувство без оглед на тоа што ќе го направите вие.

Секогаш имајте план

За жал, промената на работното место понекогаш може да доведе до тоа да бидете приморани да барате ново работно место. Затоа, уште на почетокот на процесот на транзиција, бидете сигурни дека работите на план во случај на некое неочекувано движење на настаните во погрешен правец.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...