Фокусот на академијата е развој на ЧР процеси и добри практики за привлекување и задржување на млади и жени во ИКТ секторот!
ВИТА ИНСТИТУТ ја очекува првата група на учесници на академијата за “Employer Branding” која е наменета за сите HR професионалци од ИКТ секторот кои сакаат да се стекнат со практично знаење кое ќе им овозможи да стигнат до повисоки стапки на задржување, ангажираност на вработените и разновидност во рамките на своите организации.
Во изминатиот период сè поголем број ИТ компании се соочија со бројни предизвици во привлекувањето и задржувањето на кадри, а голем број искусни професионалци ширум светот кои веќе долго време се занимаваат со оваа проблематика сметаат дека решението се наоѓа токму во правилната стратегија за Employer Branding.
Академијата настана како резултат на побарувачката на ИКТ секторот и нуди решенија за предизвиците со кои се соочува ИКТ секторот, како што се привлекувањето и задржувањето на квалификувани жени и млади лица.
„Ние нудиме целосна академија за Employer Branding која е комбинација на обука и менторство / коучинг на извршните директори на компаниите или на професионалците за човечки ресурси“, велат од ВИТА ИНСТИТУТ.
Предавачи на Академијата се искусни експерти со долгогодишно искуство во HR индустријата, меѓу кои: Стефан Јовановски, Директор за човечки ресурси (А1 Македонија), Ана Умерова, HR бизнис партнер (А1 Македонија) и Христина Лозаноска, HR експерт и бизнис коуч (ВИТА ИНСТИТУТ).
Едукативната програма на академијата е составена од 5 модули, и тоа:
- Employer Branding со инклузивен HR;
- Employer Branding во регрутација;
- Управување со перформанси (Култура на коучинг);
- Задржување на клучни таленти и
- Најдобри практики за управување со вработени од далечина.
Дополнително, поддршката која ја добиваат учесниците вклучува дво-месечен циклус на менторирање и коучинг со што експертите ќе Ви помогнат новите знаења да ги примените во Вашите компании и да ги поврзете со Вашата Уникатна Стратегија за Employer Branding!
Рокот за пријавување е до 1ви август!
За повеќе информации, отворете го следниот линк
Или на контакт телефон: ++389 76 202 250
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.