Зошто првата работа е најважната работа што некогаш ќе ја имате

од 24HR

Првото работно искуство има големо влијание врз вашата натамошна кариера.

Пред да скокнете на првата можност за работа што ќе ви се укаже по завршување на вашето образование, размислете за ова: Вашата прва работа веројатно ќе биде најважната одлука што некогаш ќе ја донесете во вашата кариера.

Без разлика дали се занимавате со привремена работа за да се снајдете додека не најдете нешто подобро или пак се одлучувате за пракса во некоја компанија, вашата прва година во работната сила може да има големо влијание врз вашата идна заработка и кариерни можности.

„На вашата прва работа дознавате многу за тоа што сакате да постигнете во вашата кариера и не смеете да се заситите“, вели Никол Вилијамс, основач на WORKS – консултантска компанија за кариера со седиште во Њујорк.

Па, зошто првата работа е толку важна?

Луѓето кои ќе ги запознаете честопати се поважни од вашата плата

Сметајте на вашата прва работа како на врвен семинар за вмрежување и запознавање на нови луѓе.

Можеби вашата прва работа сте ја пронашле преку оглас, но бидејќи целите повисоко во вашата кариера, ќе откриете дека вистинските професионални можности доаѓаат од човечките релации што ги градите по патот.

„Ќе сакате да запознаете што е можно повеќе луѓе. Ќе сакате да го импресионирате вашиот надреден. Сакате да направите се што е во ваша моќ за да ја претворите оваа работа во одлична можност за вас“, вели Вилијамс.

Олеснувањето на работата на вашиот менаџер е добар начин да ја придобиете неговата наклонетост, но тој не треба да биде вашиот единствен сојузник. Луѓето кои седат до вас можеби еден ден ќе бидат ваш шеф или пак знаат некој што можеби ќе сака да ве вработи во полето каде што ја гледате вашата кариера. Овие канцелариски сојузници се исто така витален извор за интерни информации. Кога ќе дојде времето да преговарате за плата или напредување, ќе сакате да се потпрете на вашите колеги кои некогаш се наоѓале во вашите чевли.

Прочитајте > Откриено: 10 зборови кои најчесто ги пишуваме погрешно во CV

Вашата прва работа ќе ве направи подобри за вашата втора, трета и четврта работа

Првото работно искуство е одлична можност да ги користите своите шанси, некогаш да погрешите и да поставувате „глупави“ прашања без да ви се замери за тоа.

„Предноста на вашата прва работа е во тоа што никој не очекува да знаете се по излегувањето од факултет“, вели Вилијамс. Според неа, ако не се плашите да учите, тогаш ќе бидете во позиција за остварување на поголем успех на вашата втора, трета и четврта работа.

Но додека решавате проблеми и правите грешки по патот, бидете свесни за тоа што ќе го научите и како истото можете да го примените подоцна кога влоговите ќе бидат поголеми. Дури и ако не работите во вашата посакувана индустрија, сигурно ќе излезете со најмалку три до пет вредни вештини кои ќе го импресионираат вашиот иден работодавач.

„Идентификувајте какви вештини ви се потребни за вашата идеална професија и запрашајте се што може да направите за да ги стекнете тие вештини на вашата моментална позиција“, советува Вилијамс.

Прочитајте > 7 компании за кои никогаш не треба да работите

Преговорите за плата во раните фази од вашата кариера може да ја зголемат вашата животна заработка – и тоа многу

Првата работа може да послужи и како одличен полигон за тестирање на вашите преговарачки вештини. Точно е дека можеби нема да имате голема моќ во вашите раце кога аплицирате за некоја почетна позиција со диплома од факултет и неколку летни пракси позади вас. Но, не дозволувајте тоа да ве запре бидејќи најлошото нешто што може да се случи е да слушнете „не“. А верувајте, ниту еден менаџер за вработување нема да ги намали вашите шанси затоа што имате самодоверба да побарате плата која сметате дека ја заслужувате, се додека го правите тоа на вистинскиот начин.

„Размислувајте за вашата прва плата како на инвестиција во вашата идна кариера“, вели Вилијамс.

И, како и кај повеќето долгорочни инвестиции, колку порано започнете, толку ќе бидат поголеми вашите потенцијални придобивки.

Во 2010 година, тим од истражувачи од Универзитетот Џорџ Мејсон и Универзитетот Темпл откриле дека на вработена на која ѝ била понудена годишна плата од 50.000 долари, а можела да испреговара 55.000 долари, ќе заработува дополнителни 600.000 долари во текот не својата 40-годишна кариера – само со барање на 10% повеќе.

Прочитајте > Зошто е важно компаниите да останат во контакт со своите поранешни вработени
0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...