Како Blockchain технологијата ќе ги трансформира човечките ресурси

од 24HR

Со оглед на тоа што пандемијата ги забрза идеите за иднината на работата, една работа која доби значително помало внимание отколку што заслужи во изминатиот период е Blockchain технологијата.

Широко позната како дигитален биланс што се користи за следење на трансакции со биткоин, blockchain технологијата има широка примена за безбедно чување на информациите. За човечките ресурси, тоа значи располагање со податоци какви што никогаш досега не сме виделе, но со тоа доаѓа и голем ризик.

Како што станува сѐ попопуларна во другите области, се поставува прашањето какво влијание може да има blockchain технологијата за компаниите што сакаат да ја стават нејзината употреба во функција на секторите за човечки ресурси.

Надоместоци и бенефити

Најочигледната придобивка за човечките ресурси е безбедноста на трансакциите за компензација бидејќи информациите им се достапни само на испраќаот и примачот. Кога станува збор за контрактори и вработени во гиг-економија, blockchain технологијата отвора можност за плаќање во крипто-валута, помагајќи да се избегнат компликации со девизниот курс и банкарските системи на меѓународните пазари. Исто така, ова има голем потенцијал да ги елиминира мануелните задачи што одземаат многу време, а се поврзани со системите за пресметка и исплата на плати.

Друга придобивка е што може да ги автоматизира даночните процеси за да ја одржува усогласеноста со законските прописи и да води почиста евиденција во однос на традиционалните процеси. Ова може да го ограничи ризикот од ревизија и да го олесни процесот доколку таа стане неопходна бидејќи секторите за човечки ресурси ќе можат да ги споделат сите записи веднаш и на безбеден начин, елиминирајќи ги скапите процеси за прибирање на документи и нивна верификација.

Дополнително, чувствителните информации за вработените во врска со нивната компензација се побезбедно бидејќи до истите може да се пристапи и надвор од стандардните системи на компанијата кои ја нарушуваат таа безбедност.

Регрутација

Ангажирањето на нови вработени носи различни предизвици кога станува збор за проверка на кандидатите. Верификацијата на кратката биографија и проверката на референците може да одзема многу време и да биде прилично макотрпен процес. Blockchain технологијата, сепак, нуди можност за создавање на системи за евиденција на вработените кои се сигурни и кои гарантираат повисок степен на точност од украсените работни биографии.

Овозможувајќи му пристап на својот потенцијален работодавач до нивната професионална историја базирана на blockchain, кандидатите можат да ги презентираат овие информации со повисок степен на доверба дека истите се безбедни и дека останатите кандидати нема да можат лажно да се претставуваат како би стигнале подалеку во процесот на регрутација.

Пречката тука продолжува да биде комплексноста како резултат на GDPR, што наложува едно лице да може да ги менува своите лични информации во секое време. Од страната на работодавците, пак, постои загриженост за тоа што внесува како запис, а заштитените податоци не се нешто што тие ќе сакаат да го споделат.

Беа разлика на тоа, во Јапонија постои една HR компанија по име Персол која развива апликација за регрутирање врз база на blockchain, која на регрутерите ќе им овозможи рационализирање на процесот на вработување.

Управување со договори

Во случај на контрактори и вработени во гиг-економија, исплатата на плати може да претставува проблем, особено ако се работи за вработени на друга локација од седиштето на компанијата. Blockchain технологијата може да има клучна улога во автоматизацијата на процесот на плаќање. Ова бара утврдување на критериуми што мора да бидат исполнети за да се заработи платата. Откако ќе се исполнат сите критериуми, плаќањето може да се изврши автоматски.

Заштита на податоците на вработените

Без разлика дали станува збор за евиденција за здравствено осигурување, трансакциските сметки, осигурителниот број или износот на платата, секторот за човечки ресурси е дом на голем број чувствителни информации за вработените. Заштитата на тие информации е од суштинско значење за одржување на довербата помеѓу човечките ресурси и компанијата. Со ставање голем дел од тие трансакции во blockchain, информациите се децентрализираат, што значи дека трети страни не можат да пристапат до големи количини на податоци за вработените од една локација и доколку нешто се менува, тоа треба да се потврди.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...