Македонски Телеком ги слуша своите вработени

од 24HR

Резултатите од редовните истражувања на мислењето на вработените ни покажуваат дали се движиме во добра насока, каде треба да се поправиме и што е она што вработените најмногу го сакаат – вели Ставрос Георгакопулос, Директор за човечки ресурси во Македонски Телеком.

„Новото нормално” дојде ненајавено и неочекувано и постави пред нас голем предизвик. На почетокот беше голема енигма за сите. Сите се прашувавме колку долго ќе живееме во свет полн ограничувања наметнати од пандемијата, наместо во свет одреден од нашите избори и склоности. Едно беше јасно: прилагодувањето кон новата реалност беше нужност. Во Македонски Телеком, се соочивме со сосема нови околности коишто подразбираа високо ниво на подготвеност, организација и пред сè чувство на грижа за оние најважните – нашите вработени. Решивме да се справиме со новата ситуација најдобро што знаеме, тимски и пријателски, бидејќи тогаш сме најсилни.

Размислувајќи за сите иницијативи што ги креиравме, се запрашавме, што е она што направи Македонски Телеком да постигне најдобри резултати а ние да бидеме уште посилни од порано? Одговорот ни го даде високото признание од Дојче Телеком за сегментот Европа – второ место на Europe’s Vision Award на ниво на сите компании од Европа кои се членки на ДТ, во категоријата Задоволство на вработените за 2019 и 2020 година. Наградени сме за грижата за нашите вработени и корисници, за тоа што сме компанија посакуван работодавач, за идентификацијата со брендот, за справувањето со предизвиците за време на пандемијата и периодот пред тоа, за програмите за здравјето на вработените и посветеноста на колегите кои се во непосреден контакт со корисниците.

Клучна порака: компанијата е тука за сите и верува во своите вработени

Фактите ја прават теоријата посилна, а ние теоријата ја потврдивме во пракса, покажувајќи дека задоволството на вработените е она што не прави успешни или помалку успешни, силни или кршливи пред предизвиците. Кога вработените се среќни на работното место, тие ги вложуваат сите свои потенцијали за да постигнат најдобри резултати. Задоволните вработени се лојални на организацијата и остануваат во неа дури и во тешки ситуации. Така, секој од нас препозна дека беше неопходно да продолжи да работи, да ги зголеми своите напори, согласно новите услови за да останеме најдобри и да нудиме најдобро корисничко искуство на пазарот.

Уште на самиот почеток на пандемијата и мерките кај нас, клучно беше да ја испратиме пораката до нашите вработени дека компанијата е тука за сите, дека се грижи и верува во секој вработен, па Секторот за човечки ресурси веднаш започна со нови активности прилагодени на новата ситуација. Организиравме редовни вебинари за ментално здравје, за професионално усовршување, како и за развој на технички вештини за успешно извршување на работата.

Решивме  да ја искористиме новата ситуација за да учиме повеќе и да бидеме конкурентни на секое поле. Денес, Македонски Телеком преку системите на Дојче Телеком нуди професионални платформи за учење со предавања од Stanford, Yale, Harvard и многу други светски реномирани универзитети, па оваа наша предност стана секојдневие. Започнавме со употреба на нови агилни методи во процесот на дигитализација. Учевме, споделувавме и работевме на нови вештини, техники и технологии. Организиравме курсеви и поддршка за сите вработени.

Безбедни и здрави вработени

Она што секако не направи уште подобри е чуството на безбедност во однос на пандемијата што го промени нашиот свет. Работата од дома стана примарна, додека пак безбедноста на работното место е на врвно ниво. Во случај на криза, компанијата застанува зад секој поединец индивидуално. Безбедноста, здравјето и заштитата при работа на сите вработени, особено на колегите коишто се во непосреден контакт со корисниците е голем предизвик со кој се соочи нашата компанија. Ре-сертифицирањето за стандардот OHSAS 18001 – ISO 45001:2018 како и сертификатот ISO 14001 – EN – 2018-2021 од страна на DEKRA Certification GmbH се уште еден доказ дека компанијата особено се грижи за безбедноста и здравјето за своите вработени.

Дали она што го преземаме ги прави нашите вработени задоволни? Нивното мислење е наша водилка за сите идни иницијативи, како и оценка колку добро сме ја завршиле работата. Редовно спроведуваме истражување за задоволството на нашите вработени во повеќе сегменти од работењето. Искажувајќи го своето мислење, тие укажуваат дека имаат желба за промена, развивајќи се себеси во насока на придонес за растот на компанијата, притоа следејќи ги нашите стратешки определби. Резлутатите ни покажуваат дали се движиме во добра насока, каде треба да се поправиме и што е она што вработените најмногу го сакаат. Македонски Телеком ги слуша своите вработени.

Ние знаеме дека грижата за вработените подразбира и грижа за корисниците, а задоволството на вработените значи уште поголемо задоволство и на корисниците! Горди сме на високото признание кое го добивме токму во оваа категорија. Нашите вработени ја поставија нашата компанија на сосем друго ниво. Победуваме затоа што сме посветени, лојални и истрајни! Сето ова немаше да биде возможно без ентузиајзмот и посветеноста на тимот за Човечки ресурси на Македонски Телеком. Овој успех им припаѓа ним. Ви благодарам: Андреј Токарев, Андријана Митевска – Кукоска, Билјана Ивковска – Симоновска, Даниела Момиќ, Душица Крајческа, Наталија Беќаровска, Силвана Чаловска, Илина Демирева, Станче Панова -Трајковска, Валентина Димитриевски, Ирена Лешковска Васева, Десанка Постоловска, Симона Ангелова, Никица Стојановска, Снежана Трајчевска и Теодора Хаџи – Димова Танаскоска.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...