Идните машински инженери слушнаа за можностите за кариера во една од најиновативните компании во земјава!
Под мотото „Инвестираме сега, затоа што сакаме одлични резултати во иднина“ претставници од компанијата Микросам одржаа предавање пред стотина студенти на Машинскиот Факултет во Скопје.
Предавањето беше на тема „Професионална биографија, кариера и потрага по работа“ со цел да се презентира начинот на работа и можностите кои компанијата им ги нуди на идните машински инженери.
Предавачи на настанот беа Веле Самак и Јасмина Антиќ од Микросам, а целокупното предавање беше организирано од професорот Радмил Поленаковиќ од Машинскиот Факултет во Скопје.
„Ни беше вистинско задоволство да зборуваме пред повеќе од 100 студенти и да ја продолжиме соработката со факултетот“, велат од компанијата.
Микросам е светски лидер во производство на специјализирани машини за композитната индустрија која има инсталирано повеќе од 260 производни линии во околу 43 земји низ светот ставајќи ја нашата земја на светската карта.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.