Над 700 бесплатни курсеви на Udemy за најпогодените од Ковид-19

од 24HR

Udemy нуди над 700 бесплатни курсеви за позициите погодени од Ковид-19

Најпознатата интернет платформа за учење Udemy ќе додаде повеќе од 700 бесплатни курсеви на Talent Exchange, платформа за мечирање развиена од Eightfold.ai, во обид да го олесни пристапот до ресурси за обука на оние кои се погодени од пандемијата на Ковид-19.

Вештачката интелигенција на Eightfold.ai ќе ги насочува корисниците на Talent Exchange кон курсевите на Udemy кои најдобро одговараат на нивните кариерни цели, велат од компанијата.

Темите опфатени во курсевите се движат од вештини за кариера, како што се ефикасно работење од далечина, лидерство и управување со време, до повеќе технички курсеви во области како основи на HTML5 и CSS3.

За луѓето од HR индустријата, дел од понудените бесплатни курсеви се:

  • Working Remotely: Efficiently and Effectively
  • 7 Creative Leadership Skills that Drive Change
  • Ultimate Goal Setting and Achieving
  • A Mini Course on Time Management

Курсевите на Udemy ќе бидат бесплатни за сите оние кои се регистирани на Talent Exchange.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...