Партнерството помеѓу Singular и РК Вардар е пример за живеење на вредностите и културата во една компанија

од 24HR

ИТ компанијата Singular од неодамна стана нов спонзор на македонскиот ракометен шампион и двократен европски првак РК Вардар 1961.

Ракометниот шампион на Македонија сезонава излезе на терен со нов дрес на кој видливи се имињата на нови спонзори испишани на двете страни од дресот. За прв пат, меѓу компаниите кои се доминантно од банкарскиот сектор гледаме и лого од една компанија од ИТ индустријата. Се работи за компанијата „Singular“ која работи на развој на софтверски решенија за спортско кладење и игри на среќа во дигиталната сфера.

„РК Вардар е клуб кој со своите спортски остварувања е постојана мотивација не само во спортот, туку и надвор од него, вистински пример како преку труд и дисциплина се стигнува до успехот. Се надеваме дека нашата поддршка ќе помогне за понатамошен раст на клубот и нови достигнувања кои се од големо значење за спортот во нашата земја. Како бизнис кој е тесно поврзан со спортските настани, ни претставува големо задовоство да бидеме дел од оваа успешна приказна. Наша цел е паралелно со растот на Singular, да продолжиме да градиме доверба и поддршка за раст на културата за спорт во нашата држава“,  изјави Дарко Гацов, ко-основач на Singular.

Оствареното спонзорство со РК Вардар е од големо значење за Singular. Од една страна, спонзорството ја отсликува поддршката за ракометниот шампион и желбата за негов раст и понатамошни достигнувања, а од друга страна, спонзорството ја отсликува културата што веќе подолго време се гради во рамките на компанијата.

Спортот е од големо значење за Singular како компанија која е целосно посветена на спортот и спортските настани, а РК Вардар претставува пример за посветеност, водство, мотивација, унапредување на себе и, секако, тимска работа. Тие се вредностите кои Singular како компанија ги цени и применува во секојдневното функционирање.

„Од аспект на човечки ресурси, од големо задоволство ни е што ова спонзорство ни овозможи да ја прикажеме културата на Singular, не само како фирма која подржува раст на културата за спорт во нашата држава, туку и како фирма која кај своите вработени ги цени токму овие особини“, вели Елена Инадеска – Аврамовска, Менаџер за човечки ресурси во Singular.

Инаку, името на компанијата Singular во последниве неколку години беше споменувано во медиумите за нивниот меѓународен успех и добиени бројни признанија за иновативен софвер и висок комерцијален успех.

РК Вардар е најдоминантен клуб во македонскиот ракомет со пет триумфи во регионалната СЕХА Газпром лига и и единствен машки клуб во Македонија што два пати ја има освоено ЕХФ лигата на шампионите во период од три години.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...