Стресот на работното место си има своја цена – намалена продуктивност, пад на мотивацијата и пониско ниво на ангажираност.
Вработените кои се под стрес губат и до два часа работа на ден, покажуваат резултатите од неодамнешното истражување на Headspace.
Од 2.500 испитаници – вработени во САД и Велика Британија – околу една четвртина изјавиле дека поради стресот на работното место имаат еден час помалку време за работа на ден. Дваесет и еден процент изјавиле дека губат и до два часа дневно.
Ако овие бројки се пресметаат на неделно, месечно и годишно ниво ќе стане јасно дека стресот е тивок убиец на продуктивноста и мотивацијата на работното место.
„Емоционалната цена која пандемијата им ја донесе на вработените кои имаа доволно среќа да ги задржат своите работни места – додека гледаат како некои од нивните колеги остануваат без работа – создава глобална грижа за долгорочните последици врз менталното здравје“, се наведува во истражувањето.
Понатаму, авторите посочуваат дека линијата помеѓу професионалниот и животниот стрес е многу тенка.
Според нив, стресот во било која област на животот придонесува или го влошува стресот на работа.
Пад на менталното здравје
Повеќе од една третина од вработените опфатени во анкетата на Axios која беше спроведена во првите недели на пандемијата изјавиле дека се соочуваат со пад на менталното здравје.
Работодавците можат да обезбедат одредена поддршка, смета Вилијам Каслер, главен медицински службеник за здравствени и човечки услуги на владата во IBM Watson Health, кој потсетува дека задачата на HR професионалците е да развијат политики и практики, како и да обезбедат ресурси и да ги поврзат вработените со конкретните даватели на тие услуги.
Потребите може да се променат бидејќи работодавците почнуваат повторно да ги отвораат своите канцеларии. Но, што и да понудат компаниите, клучен е начинот на комуникација.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.