Зошто најдобриот кандидат за работа може да биде и некој без работно искуство

од 24HR

Искуството е важно, но не секогаш на начин на кој очекувате.

Градењето на добри тимови е вистинска уметност. Токму затоа основачите, менаџерите, извршните директори и другите лица одговорни за вработување постојано ги усовршуваат прашањата кои ги поставуваат на интервју како дел од формулата за утврдување дали кандидатот е квалификуван за некоја позиција.

Но, на крајот на денот, постои едно фундаментално прашање на кое тие треба да одговорат, а тоа е „Кој најдобро одговара за работата?“. Понекогаш, таа личност може да биде џокер.

„Искуството е клучен фактор при донесување на одлуки за вработување, но типот на искуството што го прави кандидатот вистински избор несекогаш е линеарно“, смета Мариа Хагерти, извршен директор на Dotcom Distribution.

Неодамна, еден од клиентите на нејзината компанија морал да отпушти дел од вработените како резултат на Ковид-19. Еден од вработените погодени од таа одлука бил и господин Мет. За време на неговото работење во компанијата, Мет тесно соработувал со тимот на Dotcom Distribution што му овозможило да развие солидно разбирање за сите процеси и процедури во компанијата. Кога неговиот довчерашен соработник дознава дека Мет е на пазарот, во исто време се случува да се отвори позиција токму во одделот со кој Мет соработувал. На прв поглед целата ситуација изгледа како среќна околност, но едно е сигурно – ова е навистина неконвенционален начин на вработување.

Прочитајте > Зошто кандидатот ми откажа интервју?

Некој како Мет нормално немаше да биде мета за Dotcom Distribution. Прва пречка е географската локација, тој живее во Њујорк, додека канцелариите и магацинот на компанијата се наоѓаат во Њу Џерси. Пред пандемијата, политиката на компанијата била секој од вработените да работи во канцеларија, а патувањето не му одговара на секого. Со оглед на тоа што во моментов поголемиот дел од вработените работат беспрекорно и продуктивно од дома, физичката локација повеќе не е проблем. Но другото, поважно парче од сложувалката е тоа што тој немал традиционално искуство на позицијата што компанијата сака да ја пополни.

И покрај сите овие работи, компанијата гледаше на Мет како на атрактивен кандидат за работното место.

„Не, тој немаше директна обука или искуство за тоа што во нормални околности ние би го барале, но бидејќи беше запознаен со нашата деловна активност – и поконкретно, со тоа што ќе го работи – знаевме дека ќе донесе уникатен придонес во тимот кој сè уште е во фаза на создавање“, вели Мариа.

Она што го направи Мет пожелен кандидат не беше неговиот сет на технички вештини, туку неговиот увид, искуство и знаење за интерните работи во Dotcom Distribution кои ги култивирал додека соработувал со компанијата како партнер.

Прочитајте > Колку долго треба да трае едно интервју?

Кога Мет ѝ се приклучил на компанијата, зачекорувајќи во една сосема нова улога во споредба со тоа што го работел претходно, уште веднаш ги детектирал празнините во начинот на функционирање на организацијата. Бидејќи тој веќе бил запознаен со целата организација и членовите на тимот, за многу кратко време успеал да навлезе во својата секојдневна работа.

На крајот на краиштата, одлуката за негово вработување им донесе корист на сите страни – Мет брзо обезбеди ново работно место во компанија што ја познава и сака, а компанијата стекна член на тимот со посебен сет на вештини и перспектива.

Едно лице можеби нема искуство на позицијата, но заради неговата претходна улога како клиент, вендор или соработник, тој или таа веќе може да го разбере вашиот јазик, да ги согледа вашите празнини и да даде прецизно мислење за тоа што не е во ред во вашата организација.

Тој вид на искуство е нешто што секој би сакал да го има во својата компанија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...