Бизнис академија Смилевски и БАС Институтот за менаџмент успешно го реализираа седмиот симпозиум на тема: „Успешни практики во време на пандемија и идни менаџерски предизвици“.
Вчерашниот ден го обележаа два настани во организација на Бизнис академија Смилевски и БАС Институтот за менаџмент – VII Симпозиум „Успешни практики во време на пандемија и идни менаџерски предизвици“ и панел дискусијата Менаџерски муабети 4. На двата настани учествуваа над 120 учесници кои имаа можност да слушнат успешни, храбри и снаодливи пандемиски и постпандемиски практики на повеќе искусни менаџери, професори, практичари, презентери во повеќе области.
Панел дискусијата Менаџерски муабети 4 помина во една пријатна атмосфера со голем интерес од страна на публиката. Менаџерите, Маја Станковска Костова – Директор на Кроациа Осигурување Живот, Бобан Козаров – Менаџер за развој на Sara Fashion, Владимир Трпаноски – Комерцијален директор на Витаминка и Божидар Ивановски – менаџер за продажба и маркетинг на Кодинг-Горска, несебично ги споделија своите искуства и практики од пандемискиот период, а ги истакнаа и своите планови за промени во постпандемискиот период.
Во рамките на симпозиумот беа презентирани поголем број на трудови кои опфаќаа доста актуелни теми со современи гледишта и корисни практики за полесно снаоѓање во пандемиските промени. Од самите трудови можеше да се воочи дека и покрај неочекуваните промени, голем број на организации, менаџери, дејности, поединци излегоа подготвени да ги прифатат, прилагодат и имплементираат промените од новонастанатата ситуација. Искуството покажува дека треба да бидеме флексибилни, еластични, прилагодливи, синергетски поврзани со својот тим и истрајни во предизвиците.
Севкупниот впечаток и на учесниците и на организаторите е позитивен и се надеваме дека следните Менаџерски муабети и следниот Симпозиум ќе бидат со физичко присуство со нови теми и предизвици.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.