Интервју со Тина Миличиќ – виш специјалист за Employer Branding и корпоративна култура во Атлантик Група и еден од говорниците на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.
Какво работно место не очекува во иднина и зошто човечките ресурси играат клучна улога во одговорот на ова прашање? Дознајте во презентацијата “Future or Workplace and Workspace” Тина Миличиќ од Атлантик група која ќе може да ја следите на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси која започнува утре!
Во меѓувреме, порталот 24HR направи интервју со Тина Миличиќ која ни откри што не очекува за време на нејзиното излагање.
Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?
Ако се согласиме со фактот дека луѓето ја прават или уништуваат компанијата, тогаш улогата на човечките ресурси како една од движечките сили е јасна.
На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Ќе зборувам за иднината на работното место и работниот простор. Фокусот ќе биде насочен на улогата на човечките ресурси во помагањето на луѓето и организациите да преминат кон новото динамично работно место кое дојде преку ноќ.
Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?
Кога станува збор за експертски настани, секогаш сум возбудена поради можноста да се поврзам со колеги преку размена на идеи, мисли и искуства.
Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.
24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.