Човечките ресурси се душата и огледалото на една организација

од 24HR

Интервју со Ружица Филипоска – Специјалист за човечки ресурси во модната компанија Магнетик.

Денес на 24HR ќе дознаете повеќе за управувањето со човечките ресурси во модната индустрија и тоа директно преку интервју со Ружица Филипоска – Специјалист за човечки ресурси во модната компанија Магнетик и професионалец со 10 годишно искуство позади себе.

Која е Ружица Филипоска?

Специфична и несекојдевна личност, која е зависна од среќата на луѓето околу неа. Секојдевно сум опкружена со членовите на тимовите во мојата комапнија, кои се мојата незмерна инспирација и мотивација како би можела јас да бидам подобар вработен, а пред сѐ, подобра личност. Најсреќна сум кога примерот за тимси играч, желбата за успех и посветеноста кон работата ќе биде препознаена од моите вработени и истото ќе биде применето од нивна страната.

Што ве натера да се вљубите во човечките ресурси како професија?

Отсекогаш знаев дека мојата професија ќе биде нешто што ќе ме исполнува, а притоа таа нема да биде матрична. HR е сѐ само не повторување на денот предходно. Постојаното надоградување на себе и на луѓето околу мене, сите елементи што доаѓаат со HR како што се мотивацијата, емоциите, ентузијамот, наградувањето и, пред сѐ, пронаоѓањето на најдоброто во секој човек се само неколку причини како одговор на прашањето.

Од каде почнавте и како изгледа вашата кариерна патека?

За време на моите студии на Економскиот факултет судбината ме донесе во една канцеларија за правни работи во една приватна компанија. Постојаното усовршување во оваа област, звршувањето на HR академијат, обуките за личен и професионален развој заедно со целата магија што доаѓа со HR професијата веќе 10 години се мое секојдневие.

Кажете ни кое е вашето најголемо HR достигнување?

Човечки ресурси е збир на луѓе кои ја сочинуваат работна сила, но пред сѐ душата   и огледалаото на една организација. Исто е и со достигнувањата во оваа професија. Тие се колективни, a не индивидуални. Достигнувањата си доаѓаат сами по себе кога ќе изградете опкружување на убава енергија во која сакате да бидете. Достигнување е таа енергија да биде взаемна. Достигнување е кога сте опкружени со истите вредности и цели со вашиот колектив со кој се движите кон заедничките цели. Достигнување е да сте свесни за столбот на својата работа, да го градите и одржувате тој столб кој својата цврстина ќе ја покаже во моментот кога највеќе ви треба. Сепак, без разлика дали се работи за HR професијата или која било друга, најголемото достигнување е кога секој член на вашата организација секогаш ќе ве поздрави со насмевка. Нема ништо поубаво од среќен и задоволен вработен. Достигнувањата ги има и ќе ги има се додека има и со кого да се постигнуваат.

Која е вашата порака за сите кои размислуваат за кариера во човечки ресурси?

За мене HR е професија која сама по себе е прекрасна. Стресна е, непредвидлива, но никогаш монотона, никогаш здодевна, исполнета е со секојневни предизвици, како и радосни и весели моменти. Секој кој сака, пред сѐ, да работи на својот личен и професинален развој, а има развиено чувство на емпатија спрема останатите, трепение и, пред сѐ, љубов кон тоа што го работи, HR е професијата во која што треба да биде. Нема ништо поубаво од тоа да го пронајдеш најубавото и најдоброто кај човекот, да го насочуваш и развиваш.

Што мислите за порталот 24HR?

Многу сум благодарна и среќна што постои портал кој на едно место ги има сплотено најдобрите во оваа област. Статиите, искуствата, пренесувањето на знаењто, а пред сѐ љубовта и пасијата кон професијата го прави 24HR место каде секој што се занимава со HR секојдевно и со задоволство го посетува.

0 коментар
4

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...