Човечките ресурси се клучот за адаптирање на „новото нормално“

од 24HR

Интервју со Карламарија Тибуртини – деловен партнер за човечки ресурси за трговија, управување со програми и проекти и комуникации, лидер за вклучување и разновидност за Avio Aero a GE Aviation Business и еден од говорниците на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.

Како до продуктивни, мотивирани и ангажирани вработени во време на глобална пандемија? На 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси која започнува денес учесниците ќе имаат можност да слушнат презентација од предавачот Карламарија Тибуртини на тема “Collective intelligence- How to build a systemic thought in modern companies”.

24HR како главен медиумски покровител на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси направи интервју со Карламарија Тибуртини за да дознаете што ве очекува на најголемиот годишен настан за човечки ресурси во Македонија.

Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?

Пандемијата на коронавирусот ги наруши организациите и ги натера менаџерите за човечки ресурси да размислуваат поинаку за нивната улога. Човечките ресурси се клучни за поддршка на бизнисите во редизајнирање на организациските структури и работните позиции за да се приспособат на новото нормално, како и да се обидат да ги задржат вработените продуктивни, мотивирани, ангажирани и поврзани. Човечките ресурси, повеќе од кога и да е претходно, станаа стратешки партнер.

На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Во моменти на криза, нужно е организациите да можат да го ослободат својот потенцијал, а една моќна алатка за отворање на колаборативна дискусија е овозможување на колективна свест. Овој когнитивен механизам им овозможува на поединците да споделуваат погледи, идеи и ставови кога се фокусираат на заеднички теми, нешто што не може да се реплицира со индивидуално внимание.

Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Да научам нешто од моите колеги и експерти и да споделам идеи, затоа што „Никој не знае сè и секој знае по нешто…“ (Пјер Леви).

Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.


24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...