Човечките ресурси станаа неопходен сектор во секоја компанија

од 24HR

24HR овој понеделник ве води во Истанбул каде што со нашата дописничка Мине Алптекин разговаравме за љубовта кон човечките ресурси, нејзините кариерни почетоци и перспективата на HR-от во неизвесната иднина.

Мине Алптекин е професионалец со 20-годишно искуство во областа на човечките ресурси. Во моментов предава „Дигитални човечки ресурси“ на МЕФ и универзитетот Бахчешехир во Истанбул, а во исто време работи и како консултант за човечки ресурси. Мине смета дека човечките ресурси се неопходен сектор во секоја компанија. Особено во овој тежок период, улогата на човечките ресурси стана уште поважна. Од јуни 2020, Мине Алптекин е дописник за 24HR од Инстанбул, Турција.

Како благодарност за целокупниот придонес кој Мине Алптекин го дава за македонската HR заедница, 24HR ја сподели нејзината приказна за љубовта кон човечките ресурси која се надеваме дека ќе мотивира многумина да навлезат, да учат и да се усовршуваат во професијата.

Кажете ни која е Мине Алптекин во една реченица?

Јас сум некој којшто верува дека не постои крај за учењето и растот.

Како се роди љубовта помеѓу Мине и човечките ресурси?

Како и сè останато, HR-от исто така брзо се менува. HR-от ме натера да ги развивам своите вештини за донесување на одлуки, решавање на проблеми, справување со тешки ситуации и, исто така, ми даде можност да ја користам мојата позадина во психологијата.

Мине Алптекин во Скопје на 9-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МХРА

Како започна вашата кариера во HR?

Откако завршив магистерски студии на Универзитетот Охајо во САД, се вратив во Истанбул за да работам со познат психолог кој во тоа време работеше со големи корпорации и ги советуваше во врска со комуникациските вештини. Тоа беше периодот на моите почетоци кога ја донесов мојата одлука да работам со корпорација како одговорна за човечки ресурси.

Вашето најголемо достигнување во полето на HR-от?

Моето најголемо достигнување е комбинацијата на знаењето од областа на психологијата со активностите за организациски развој.

Која е вашата порака за сите што размислуваат за кариера во човечки ресурси?

За некој што би сакал да биде експерт за човечки ресурси, мојот совет е да ги развие знаењата и вештините за Дигитален HR. За многу кратко време сè ќе биде дигитално, а истото ќе се случи и со HR-от…

Што мислите за порталот 24HR?

Вашиот портал е големо достигнување, ажурен и исполнет со јасна и едноставна порака.

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...