3 стратегии за Employer Branding што секој регрутер може да ги примени

од 24HR

Сакате да ја подобрите својата позиција како работодавач и да ги привлечете најдобрите таленти на пазарот? Потребна ви е вистинска стратегија за Employer Branding.

Дали некогаш сте размислувале како да го подобрите имиџот на вашата компанија како работодавач, но не знаете од каде започнете? Тогаш вие сте размислувале за стратегија за Employer Branding.

Брендирањето на компанијата како работодавач повеќе не е каприц, туку неопходност доколку сакате да бидете прв избор за најквалитетните кандидати на пазарот. Без добар Employer Branding, шансите за стигнување до добар кандидат се многу мали.

Кога станува збор за Employer Branding, просторот за експериментирање е многу мал. Затоа, наместо да импровизирате, играјте на сигурно со следните три стратегии:

Направете кариерна страница

Вашата кариерна страница треба да го рефлектира вашиот бренд на работодавач. Од содржината па се до начинот на објавување на работните места, таа треба да го покаже идентитетот на вашата компанија како работодавач.

Еве неколку работи што треба да ги запомните:

Дајте целосен увид: Покажете им на кандидатите каква е вашата компанија преку искрени сведоштва од вработените, видеа и споделени искуства.

Користете јасни описи на работни места: Не го уништувајте кандидатското искуство со лош опис на работното место. Бидете сигурни дека описот на работото место е јасен, концизен и сеопфатен.

Не заборавајте дека мнозинството кандидати користат мобилен телефон за да пребаруваат работни места. Поради тоа, бидете сигурни дека вашата кариерна страница е прегледна од мобилен телефон за да го искористете целиот нејзин потенцијал.

Креирајте содржини

Добрата содржина е вистинскиот и единствен начин да ја комуницирате вашата Employer Branding приказна. Таа треба да биде присутна од моментот на создавање свесност за брендот па се до финалните чекори од кандидатското искуство. Тоа им овозможува на кандидатите да дознаат повеќе за вас како работодавач што на крајот игра клучна улога во нивната одлука да се вработат во вашата компанија.

Се прашувате како до добра содржина?

Бидете директни и јасни: На една просечна личност и се доволни 3 секунди за да го изгуби своето внимание. Затоа, бидете јасни и прецизни со вашата порака.

Разбијте ги долгите текстови: Кандидатите немаат време за долги објави на вашиот блог, а истото важи и за описите на работните места. 81% од луѓето само ја скенираат содржината што ја читаат онлајн, така што бидете сигурни дека се што објавувате може лесно да се „свари“ во главата на кандидатите.

Визуелизирајте: Една слика, илјада зборови. Објавите со фотографии гарантираат поголема видливост и повеќе реакции од оние без никаква визуелност. Користете светли, професионални и колоритни фотографии од вашата канцеларија за да го привлечете најдобриот талент на пазарот.

Видеото е иднината: Видеата се клучен дел од градењето на вашиот бренд на работодавач. Инвестирајте во видеа со добар квалитет кои ја демонстрираат вашата култура и ги претставуваат вашите вработени во најдобро светло.

Промовирајте се преку вашите вработени

Вашите сегашни вработени се вашата најдобра алатка за привлекување таленти. Не заборавајте да ги вклучите во стратегијата за брендирање на вашиот работодавач. Еве само неколку начини на кои тие можат да помогнат:

Препораки: Охрабрете ги вашите вработени да ги споделуваат тековните слободни работни места со нивната мрежа. Исто така, може да воведете шема за препораки каде што вработените можат да заработат бонус или награди ако помогнат да се вработи соодветен кандидат.

Glassdoor: Кандидатите имаат навика да ги проверат компаниите пред да дојдат на интервју за работа. Охрабрете ги вашите вработени да остават искрени (и се надеваме позитивни) оценки за вашата компанија на различните платформи за оценување на работодавци.

Ако ги земете предвид овие три стратегии, тогаш ќе бидете на добар пат да изградите навистина силен бренд на работодавач.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...