Дали работно место ЧР може истовремено да биде и работно место БЗР?

од 24HR

Дали и колку во компаниите може работната позиција ЧР да одговори на работната позиција БЗР?

Практиките во нашата држава говорат дека работната позиција – Лице задолжено за здравје и безбедност при работа во компаниите е тренд и обврска кој започнува сè повеќе да се применува, но најчесто оваа позиција ја спроведуваат лицата вработени во Човечки ресурси.

Професионалци за човечки ресурси во компаниите најчесто играат важна улога и во обезбедувањето на здравјето и безбедноста на вработените.

Да, многу компании во нашата земја користат ист ресурс (вработен), кој ќе биде задолжен за следење и исполнување на овие две позиции кои се исти според цел, а тоа е обезбедување на процедурите на човечкиот ресурс, но истовремено со комплетно различни задачи и одговорности.

Очекувано е вработените во сектор човечки ресурси да го знаат секое работно место (позиција), а со тоа ги знаат и работните задачи и можностите кои произлегуваат од истото.

Додека не се очекува вработените во сектор за човечки ресурси да ги знаaт техничките аспекти на здравјето на работното место и безбедноста, понатаму да ги знае сите безбедносни процедури кои произлегуваат од Закон за здравје и безбедност при работа.

Во продолжение наведувам неколку битни точки од каде можеме да ја погледнеме улогата на ЧР во работните задачи на БЗР, но истовремено да ја препознаеме потребата од издвојување на овие две блиски работни позиции.

1. Законот за здравје и безбедност при работа бара од работодавачот и од лицата задолжени за спроведување на безбедносните процедури да се воспостават и одржуваат, колку што е разумно практично и возможно работна средина што е безбедна и без ризици по здравјето на работниците.

Сепак, вие не сте единствено одговорни за здравјето и безбедноста. Законот се заснова на принципот дека ризиците на работното место мора да се решат со комуникација и соработка помеѓу работниците и работодавачот. Работниците и работодавачот мора да ја делат одговорноста за здравјето и безбедноста на работното место. Двете страни мора проактивно да ги идентификуваат можните ризици и да развијат контролни мерки за да го направат работното место безбедно.

2. Усогласеноста со здравјето и безбедноста може да биде доста техничка и честопати бара услуги на службеник за здравје и безбедност или консултантски услуги за здравје и безбедност кои се извршени од страна на надворешна команија (outsourcing). Сепак, човечки ресурси е важна врска помеѓу раководството и вработените.

3. Човечки ресурси ја комуницира посветеноста на организацијата кон своите вработени и нивното здравје и безбедност, дополнително зајакнувајќи го моралот и посветеноста на вработените кон организацијата.

4. Покрај надгледувањето на политиките и процедурите и обезбедувањето на вработените да се придржуваат до нив, најважната улога на човечки ресурси е да се осигура дека секој член на организацијата, од горе надолу, разбира дека БЗР е одговорност на сите.

Со оглед на нивната одговорност за луѓето, културата и придружните политики и процедури, управувањето со човечки ресурси игра клучна улога во поддршката на здравјето и безбедноста на работното место.

Заклучуваме дека вработените во ЧР, во голем процент можат и одговараат на работните задачи на БЗР, исто така се клучна алка во комуникација работодавач-вработен што пак е единствениот канал за комуникација од каде би требало да започне информацијата за сите процедури и потреби на една работна позиција во однос на БЗР.

Дополнително особено во поголемите компании или компании чија дејност е со висок ризик на работа, се препорачува одвојување на овие две работни позиции, пред сè, поради обемноста на безбедносните процедури кои е потребно да се спроведат, понатаму од намалување на ризик да се пропушти одредена задача или законска обврска која би можела да резултира негативно по здравјето и безбедноста на вработените.

Искуствено и како практика од многу европски земји е користење на надворешна компанија која ќе биде задолжена за Здравје и безбедност при работа, односно ќе ги спорведе и имплементира сите потребни процедури и обуки за работа.

На овој начин одговорноста за можна повреда на работно место или професионална болест која би требало да ја понесе вработениот во Човечки ресурси кој вероватно нема соодветно образование и предзнаење од областа на БЗР, бидејќи е ЧР се намалува односно се одстранува, а компанијата е сигурна дека вработените се безбедни на своите работни места.

За авторот:

Марија Кукуноска работи во делокруг и спој на Бизнис и Психологија. Спој на овие две дејности започнува кога од Психологија и Човечки ресурси се насочува да работи како менаџер на компанија чија дејност е БЗР и Противпожарна заштита или Безбедност. Предизвикот бил голем, а предходното искуство за комуникација и пристап кон човечки ресурси веќе познат терен… Поседува бројни сертификати од областа на ЧР,за успешно завршени едукации и обуки, исто така се јавува и како предавач на тема Здравје на вработените,во неколку корпорации. Паралено активно работи на имплементација на програма наменета кон мали бизниси за воведување на обука и едукација за Емоционална Интелегенција на вработени, но и воведување на тим билдинг програми на разни теми.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...