Дали им поставувате „незгодни“ прашања на кандидатите за време на интервјуто за работа?
Знаењето кои прашања да се постават и кои да се избегнуваат за време на интервјуто за работа е од критично значење за спроведување на ефективно интервју.
Некои од нив се изрично забранети со закон, додека други може директно или индиректно да ја повредат приватноста на кандидатите. И двата типови на прашања треба да ги избегнувате за време на интервјуто.
Еве пет примери на прашања за интерјву што треба да ги избегнувате:
Колку заработувавте на вашата претходна работа?
Некои држави ширум светот имаат закони кои ги спречуваат работодавците да прашуваат за историјата на платата на кандидатот за време на целокупниот процес на вработување или пак да го користат овој податок за донесување на одлука за вработување.
Дали сте вакцинирани против Ковид-19?
Ковид-19 не е задолжителна вакцина. Во некои држави поставувањето на прашањето во врска со вакцината се смета за дискриминаторен акт. Така, на пример, Флорида донесе закон во 2021 година што им забранува на приватните компании да им наметнуваат на кандидатите да се вакцинираат против Ковид-19.
Дали консумирате цигари и алкохол?
Дискриминацијата на поедицни кои консумираат цигари и алкохол е исто така забранета во голем број држави. Токму затоа треба да го избегнувате поставувањето на ова прашање на интервју за работа.
Дали сте религиозни?
Уште едно прашање кое сигнализира дискриминација. Насекаде ширум светот е забрането да се дискриминираат кандидати врз основа на нивниот религиозен статус.
Колку години имате?
Според федералниот закон во САД, на работодавците им е забрането да ги дискриминираат кандидатите и вработените на возраст од 40 и повеќе години. Други земји пак забрануваат дискриминација според возраст, а некои дури и ги штитат помладите вработени.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.