5000 зачленети компании на KARIERA.mk! – KARIERA.MK

од 24HR

5000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Денес е голем и среќен ден за тимот на KARIERA.mk – Прославуваме 5000 зачленети компании на нашиот сервис во изминатите години! Особено ни е драго што во изминатите години, KARIERA.mk на пазарот се постави како иновативен и поразличен сервис за огласување на слободни работни места кој беше препознат од многу успешни компании од земјата и регионот.

Заштитниот знак на KARIERA.mk e колибрито, најмалата и најприлагодливата птица на овој свет. Со своите фасцинантни способности да се движи флексибилно и да го менува правецот на движење екстремно брзо и лесно, комплетно го прикажува духот на тимот на нашата компанија, млади, брзи и секогаш спремни за промени и прилагодување кон нашите клиенти!

Во изминатите 5ипол години, колку што и нашиот сервис постои во нашата земја, склучивме соработки со 5000 компании, зачленивме 150 000 корисници кои пребарувааат работа и огласивме огромна бројка на слободни работни места во преку 30 категории или сфери на работењето.

Во портфолиото на компании клиенти на KARIERA.mk гордо се запишани од најголеми до најмали компании од сите индустрии. 5000 зачленети компании за нас, претставуваат огромна среќа и поттик за уште повеќе успешни соработка и во иднина. Ги поканувам сите компании кои имаат потреба од проширување на своите тимови, директно да не исконтактираат како би можеле да им го олесниме патот до квалитетен кадар!  Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk

Тимот на KARIERA.mk продолжува да брза кон нови победи, денес истовремено славиме и за 150 илјадитиот зачленет корисник на нашиот сервис што дополнително ни покажува дека соработката со компаниите не доближува и до корисниците кои се во константна потрага за подобра иднина и кариера.

Им благодариме од срце на сите 5000 компании кои ни ја дадоа довербата и ветуваме уште подобри и поинтересни продукти на кои напорно секојдневно работиме за значително да ја олесниме потрагата по одлични апликанти за сите огласи за вработување на нашиот сервис!

КARIERA.mk – Вистинската работа за тебе!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...