Марија Силјановска, Teleperformance: На вработените им нудиме константна поддршка и тренинг за исклучително кариерно патување

од 24HR

„Телеперформанс е најголемата компанија за корисничка поддршка во светот. Можноста за работа во компанија која е број еден во својата индустрија е доста инспирирачка. Работата по светски стандарди и процеси, во простории креирани по истите тие стандарди, како и можноста за постојано учење и напредок е она што мене лично ме мотивираше да станам дел од оваа компанија. Телеперформанс е одлично искуство за секој оној кој сака да учи и да гради кариера.“ – вели Марија Силјановска, претставник за човечки ресурси во Teleperformance.

Нивното мото е Best Place To Work и се претставуваат како најдобро место за работа за познавачите на германскиот јазик. Teleperformance својата приказна во Скопје ја започна пред нешто повеќе од една година, а денес има над 300 агенти за корисничка поддршка кои работат на предизвикувачи проекти за најголемите глобални брендови. Нудат одлични плати, но и врвни услови за работа што одговараат на највисоките стандарди кои се применуваат во оваа глобална компанија која брои повеќе од 320.000 вработени ширум светот. Денес, имавме можност да разговараме со Марија Силјановска, претставник за човечки ресурси во Teleperformance, која ни откри повеќе за кариерните можности, условите за работа и иновативните начини за привлекување и задржување на вработени кои ги применува македонското претставништво на најголемата глобална компанија за кориснички услуги.

Која е Марија Силјановска, колку време сте дел од Teleperformance и која е вашата улога во компанијата?

Доста позитивна и емпатична личност, би рекле моите најблиски.  

По образование сум магистер по правни науки, но огромната љубов и пасија кон човечките ресурси и работата со луѓе е она што ме поттикна да ја продолжам мојата кариера во оваа област. Human resources e областа во која се чувствувам природно и исполнето после секој завршен работен ден. Тимот за човечки ресурси е мостот помеѓу компанијата и вработените, па оваа професија е доста одговорна и динамична, а во исто време и исполнувачка.

Во Телеперформанс сум веќе 8 месеци на позиција Претставник за човечки ресурси и сум вклучена во речиси сите процеси, почнувајќи од процесот на регрутација и селекција, onboarding на нови вработени па низ текот на целиот кариерен пат на вработените во компанијата, секојдневната интеракција со нив и одговор и помош на секое барање и прашање.

Како претставник за човечки ресурси, вие сте најчесто и првата личност со кого потенцијалните кандидати за вработување го остваруваат првиот контакт. Кои се првичните впечатоци на кандидатите кога ќе се спомене името Teleperformance?

Од досегашното искуство можам да кажам дека кандидатите уште пред започнување на процесот на вработување во нашата компанија доаѓаат со позитивни впечатоци и очекувања.  Телеперформанс е компанија која нуди одлични услови за вработување, кариерен напредок, работа по светски стандарди и одлични надпросечни плати за наши стандарди. Голем дел од кандидатите кои доаѓаат кај нас веќе имаат слушнато некоја успешна ТP приказна, па истите гледаат можност за стабилно вработување. Тоа го докажува и бројката од 300 вработени која моментално ја имаме достигнато.

Во вашите огласи велите „сè што ви треба е германски јазик, а за другото ќе ве обучиме ние“. Дали е навистина така?

Да, сè она што го бараме е одлично познавање на јазикот за кој е објавен конкретниот оглас. Најголемиот дел од проектите кои ги поддржуваме се со германски јазик, па се она што треба да знае потенцијалниот кандидат е германскиот јазик. Компанијата нуди целосна платена обука која може да трае од две до пет недели во зависност од проектот и во оваа обука вработениот се стекнува со сите вештини кои му требаат за понатамошно извршување на работните задачи.

Што е со останатите „технички вештини“? Колку време им е потребно на кандидатите за целосно да се оспособат за работното место?

Кандидатите треба да имаат основни познавање на работа со компјутери. Останатите технички вештини ги добиваат во текот на обуката. Како што кажав, во зависност од конкретниот проект, обуката може да трае од две до пет недели. Потоа вработениот започнува со т.н nesting период каде сè уште не работи самостојно, туку добива константна поддршка и помош, се додека не е спремен за самостојно извршување на работата. Всушност, процесот на поддршка, тренинг и дообучување на вработените во Телеперформанс е константен, во текот на целиот кариерен пат на вработените.

Дали постои простор за напредок и кое е следното кариерно скалило на еден агент за корисничка поддршка во Teleperformance?

Телеперформанс е компанија која има воспоставено процеси  и програми за идентификување, обука и  подготвување на високо-потенцијалните вработени за повисоки позиции во компанијата. Исто така секое слободно работно место го објавуваме најпрво интерно меѓу постоечките вработени во компанијата, кои имаат шанса за аплицирање и унапредување.

Следното кариерно скалило на еден агент за корисничка поддршка е супервизор, тренер, контролор на квалитет и други позиции кои со самиот раст на компанијата се појавуваат како потребни.

Марија Силјановска, Teleperformance

Како дел од глобална корпорација постојано сте во потрага по иновативни начини за регрутација. Еден од нив е и Деновите на отворени врати кои ги организиравте во Скопје, но и во останатите градови низ Македонија. Кажете ни нешто повеќе за тоа?

Денови на отворени врати е начин на регрутација каде што потенцијалните кандидати имаат можност да дојдат во просториите на нашата компанија и да се запознаат поблиску со целиот тим, како и да ги посетат просториите и работното место каде би работеле. Овој начин на регрутација дава можност заинтересираните кандидати на едноставен начин да аплицираат и да ја добијат работната позиција, преку спроведување на интервјуто и целосниот процес на регрутација на самиот ден, а доколку кандидатот ги исполнува сите услови, веднаш добива работна понуда и договор за вработување.

Каква опција им нудите на кандидатите кои не се од Скопје, а сакаат да станат дел од Teleperformance?

Сите оние кои го зборуваат германскиот јазик а не живеат во Скопје, имаат можност за работа од дома од нивниот град. Кандидатите по завршување на процесот на регрутација и вработување, добиваат целосна опрема за работа од дома. Начинот на организација на процесите во Телеперформанс, како и тимот кој дава постојана поддршка на агенти кои работат од дома, овозможуваат функционалност на овој процес на работа од дома и агилност во работењето.

Неодамна вашиот директор направи несекојдневен гест и ги изненади вработените во Скопје со 100 вкусни оброци кои ги зготви специјално за нив. Дали постојат некои други иницијативи и активности кои сакате да ги споделите со нас?

Луѓето се најважниот двигател на една организација. Со оглед на тоа што живееме и работиме во време на пандемија, можностите за организација на настани и активности се доста ограничени. И покрај тоа тимот на Телеперформанс се труди што е можно повеќе да придонесе за своите вработени. Токму со таа цел се организираше и настанот на готвење за вработените во компанијата. Исто така Телеперформанс во чест на празниците Велигден и Рамазан организираше донација од 160 оброци преку организацијата Ретвитни оброк, каде дел од вработените готвеа. Иако ограничени, поради како што кажав состојбата со глобалната пандемија, се трудиме постојано да смислиме иновативни случувања и настани, како Secret Santa за Божиќ, одбележување на 8ми Март како ден на жените, кои вушност се побројни во нашата компанија на што сме горди како компанија која работи континуирано на еднакви можности за вработување, недискриминација, различност и вклученост, акциски програми за афирмативно дејствување за сите кандидати и вработени, како и еднакви можности за напредување за вработените.      

За крај, кажете ни што е тоа што токму вас ве привлече и мотивира да станете дел од Teleperformance?

Телеперформанс е најголемата компанија за корисничка поддршка во светот. Можноста за работа во компанија која е број еден во својата  индустрија е доста инспирирачка. Работата по светски стандарди и процеси, во простории креирани по истите тие стандарди, како и можноста за постојано учење и напредок е она што мене лично ме мотивираше да станам дел од оваа компанија. Телеперформанс е одлично искуство за секој оној кој сака да учи и да гради кариера.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...