Предности на ангажирање „Бумеранг вработен“

од 24HR

Бумеранг вработените го зголемуваат моралот на вработените а посебно ако тоа бил колега што бил одличен за соработка, тимски играч и омилен во тимот, со кој ги продолжиле конекциите и по неговото заминување од компанијата.

Во последниот период доста често среќаваме примери за вработување на вработен кој веќе еднаш бил дел од тимот. Ваквото вработување може да има доста позитивни страни но притоа е многу важно да се направи добра анализа. 

Што е добро за компанијата!

Бумеранг вработените ја познаваат компанијата многу добро, запознаени се со вработените, организациската култура, принципот на кој функционира, мисијата и визијата кон која цели компанијата. Со други зборови, знаат што да очекуваат. Побрзо стигнуваат до оптималното ниво на продуктивност, знаејќи го својот својот пат низ компанијата, скоро и не им е потребна обука освен краткок вовед за брзо постигнување на продуктивност.

Носат нови перспективи, иницијативи, искуства. Вработен кој некој период работел во друга компанија веројатно научил нови вештини и искусил различни начини на вршење на работите, собрал искуство од добри практики кои може ефективно да ги имплементира во компанијата. 

Ангажирањето на бумеранг вработен може да биде интересно и од финансиска гледна точка. Не само што им треба помалку обука и време за да станат целосно оперативни, туку треба и помалку напор за нивно регрутирање.

Бумеранг вработените го зголемуваат моралот на вработените а посебно ако тоа бил колега што бил одличен за соработка, тимски играч и омилен во тимот, со кој ги продолжиле конекциите и по неговото заминување од компанијата. Кога поранешен вработен се враќа во претходната компанија, експлицитно им нагласува на своите колеги дека тревата не е секогаш позелена на друго место. Инаку, зошто би се вратил?

Вработувањето на поранешен вработен носи и поголеми трошоци во однос на плата и бенефиции, соодветно на искуството, ангажманот и идеите што може да ги донесе за подобрување на бизнисот и организациската култура и клима. Доколку тој ист вработен тргнал од скалило од кое што континуирано растел, се едуцирал, се надградувал инвестирал во себе, се градел добивајќи повисоки позиции, предизвици и обврски и одлично може да допринесе со својот изграден имиџ и личен бренд за поголем успех на компанијата.

При вработувањето во секој случај треба да се користат најдобрите практики за регрутација со цел да се намалат недостатоците при вработување поранешен вработен и да се оптимизира процесот на вработување:

Одржување на база на таленти

Кога вработените ја напуштаат организацијата, најдобар начин е да се остане во контакт и да се додадат во база на таленти. Со тоа ќе може да им се проследат  ажурирања за најновите случувања во компанијата во поглед на слободни работни места и други релевантни информации.

Политики за вработување на бумеранг вработени

Воспоставените политики  помагаат да се изгради структуриран процес за вработување на бумеранг вработени. Политиките за вработување се одличен начин да се дефинира кој потенцијално би можел да се врати во компанијата, а кој не. Вработените кои ја напуштиле компанијата доколку успехот во компанијата не им бил задоволителен, доброволно се откажале, заминале поради неможност за надградување и не давање на можност за раст во компанијата туку само увезување на вработени за подобри позиции, отпуштања поради деловни потреби, ангажирање при замени на вработени, предизвици за повисоки позиции.

Вработените кои ја напуштиле компанијата поради кршење на политиките на компанијата, незаконско или неетичко однесување и имале незадоволителен рејтинг на проценка на перформансите не би биле соодветни за повторно вработување.

Интервју пред повторно вработување

Нешто што дефинитивно треба да ја покрие политиката за вработување е интервју со поранешни вработени, со цел да се разбере зошто заминале на прво место и да се направи споредба со излезното интервју како и дискутирање за очекувањата на двете страни. Компаниите кои гледаат бенефит во повторно вработување на кандидатот често и сами истапуваат со понуди и договарање на далеку подобри услови, свесни за потенцијалит на кандидатот и на грешките што порано ги направиле како работодавач.

Голема е веројатноста дека доста работи во компанијата се промениле  откако поранешниот вработен ја напуштил компанијата, дури и ако бил релативно краток временски период, тимот се променил, се приклучиле нови луѓе, адаптирање на компаниите на промените од кризата со Ковид и  нови начини на работа кои ги замениле старите.

За авторот:

Лилјана Бојковска е ИТ регрутер и Магистер за управување со човечки ресурси на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје. Во својата кариера била дел од компании со динамични HR системи, а во моментов работи како Partner Relation Manager во ИУТЕ Кредит Македонија – позиција која има многу допирни точки со HR.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...