8 интервју прашања за препознавање на емоционално интелигентни кандидати

од 24HR

Вработувањето на емоционално интелигентни луѓе е голем предизвик. Секој од нас може да биде позитивна личност за време на интервјуто и првите неколку месеци на работа, а потоа да го покаже своето вистинско лице. Денес, споделуваме 8 прашања кои ќе ви помогнат да препознаете емоционално интелигентни кандидати за време на интервјуто за работа.

Работното место е интересна и динамична околина. Тоа е збир на различни луѓе кои се таму да работат кон една заедничка цел. За да се постигне успех, сите треба да се здружат и да се поддржуваат едни со други.

Но, тоа не е така едноставно бидејќи луѓето, пред сè, се емоционални суштества. Тие ги држат своите чувства под контрола за да не го нарушат нормалното функционирање на работното место.

Токму затоа, компаниите сакаат да ги спречат конфликтите помеѓу вработените, а ангажирањето на емоционално интелигентни луѓе е еден од најдобрите начини за да успеат во тоа. Но, за разлика од вештините и работното искуство, способноста на кандидатите да владеат со своите чувства е многу тешко да се процени.

Во оваа статија споделуваме 8 прашања кои ќе ви помогнат да ја процените емоционалната интелигенција кај кандидатите на интервјуто за вработување:

  1. Ако основате компанија денес, кои ќе бидат нејзините основни вредности?
  2. Што е тоа што може да ве налути на работа?
  3. Колку сте добри кога барате помош?
  4. Како се справувате со лошиот ден на работа?
  5. Што е тоа на што навистина се гордеете? Зошто?
  6. Раскажете ни за период кога расположението ви ги менуваше перформансите (позитивно или негативно)?
  7. Дали некогаш сте почувствувале дека е време да го промените начинот на однесување на работа? Како го сторивте тоа?
  8. Дали создадовте пријателства што траат додека работевте во вашата претходна компанија?
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...