Зачекорете во промена на кариерата!

од 24HR

Што нè тера да направиме промена? Како се прави тоа? Што ни дава поттик да го направиме тоа?

Го правиме  затоа што ни е досадно или бараме нешто ново и возбудливо?!

Јас во моментот се наоѓам на голема раскрсница во мојот живот. Неодамна решив да ја сменам кариерата и еве ме, навлегувам во големото непознато. Преминувањето од учител/преведувач/мултитаскинг личност во полето на  човечки ресурси е страшно. Не знам во што се впуштам. Но, се преиспитав себеси. За мојата сила. И вака почнав.

Кажете им на луѓето дека барате работа. Ажурирајте го вашиот профил на LinkedIn или подобрете го. Ажурирајте ја вашата биографија. Додека се подготвувате да аплицирате за позиции во вашето ново поле, размислете за промена на форматот на вашата биографија. На пример, функционалната биографија ги истакнува вашите вештини наместо работните места што сте ги извршувале. Ова може да ги натера менаџерите за вработување да го препознаат како вашето преносливо искуство ве подготвило за кариера во HR, што може да ви помогне да добиете интервју. Следете ги новите контакти. За да го искористите најдоброто од вашето време посетувајте професионални настани за мрежно поврзување, размислете за поставување на дополнителни прашања на  новите контакти за човечки ресурси преку давање комплимент, или правење остроумен коментар преку е-пошта или преку телефон. Тоа е суштинска алатка.

Придружете се на групите за човечки ресурси на социјалните мрежи. Пробајте да добиете сертификати за човечки ресурси или обидете се да се запишете на курсеви за професионален развој преку Интернет или да одите часови во професионално здружение, обидете се да присуствувате на работилници и професионални конференции.

Следете го континуираното образование. Знаењето навистина е моќ. А во денешниот свет информациите се вашето оружје. Информациите се менуваат за неколку секунди и важно е да сте во тек.

Приклучете се на професионално здружение Кога ја менувате кариерата, воспоставувањето врски со професионалци во вашата нова индустрија е од суштинско значење за успехот. Вмрежувањето е клучот. Проширете ја вашата мрежа на професионалци.

Дефинирајте ги вашите цели во кариерата. Определете точно за кој тип на позиција за човечки ресурси ве интересира. Потоа, најдете неколку описи на работни места и идентификувајте ги вештините што треба да ги развиете, сертификатите што треба да ги стекнете и искуството што треба да заработите. Не се обесхрабрувајте. Ако се преселите во HR од значително различна индустрија, прилагодувањето на вашето ново поле може да потрае некое време.

Креирајте онлајн профили на LinkedIn, Indeed, Fiverr.

Најсуштинската вештина што може да ја има успешен човек со човечки ресурси е комуникацијата. Работете на тоа.

Професионалците за човечки ресурси го одржуваат, промовираат и менуваат брендот на компанијата за да регрутираат нови вработени и да ги задржат сегашните вработени. Човечките ресурси ја создаваат културата на компанијата.

Успехот не доаѓа преку ноќ, тој се случува со напорна работа и верба во себе.

И на крај, дури и ако сте исплашени, дури и ако го задржувате здивот секогаш кога аплицирате на отворен оглас, ако треперите кога ќе добиете нова е-пошта, запомнете, вие сте храбри и подготвени да се промените и го заслужувате ова.Значи, земете длабок здив, насмевнете се и препуштете се на вашата нова иднина.Животот е краток.

Марија Секулоска, м-р по политички науки, професор и преведувач по италијански јазик, менаџер,  лингвист кој сака да го промени светот.Верувам
дека сите ние имаме своја мисија.Сакам да пробам нова кариера во човечки
ресурси и сакам да им помагам на луѓето.Како професор и преведувач на
италијански јазик, секојдневно среќавам интересни луѓе и слушам
интересни приказни. Како тазе професионалец во HR, комуникацијата ми е
прв приоритет.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...