СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ, СОСОПСТВЕНОСТ, СОПСТВЕНОСТ ПО ОСНОВ НА ОДРЖУВАЧКА КОН ДРЖАВАТА И ВИДОВИ ТУЖБИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СОПСТВЕНОСТ

од 24HR

АЦТ! ДОО Скопје најавува ново интерактивно советување, насочено кон актуелните предизвици и комплексностите на правото на сопственост, сосопственост и сопственост по основ на одржувачка кон државата, како и различни видови на тужби за стекнување сопственост.

Настанот, кој ќе се одржи на 15.11.2024 година (петок) од 10:00 до 15:00 часот во конференциската сала на хотел Квинс, Скопје, е идеална можност за правни професионалци да се здобијат со конкретни знаења и вештини во поставување на тужбени барања и анализирање на судската пракса.

Советувањето ќе ги опфати следниве теми:

  • Основи за стекнување сопственост и карактеристични судски одлуки,
  • Видови на тужби со акцент на сопственичките тужби и анализа на релевантни судски случаи,
  • Комплексностите на сосопственост и предизвици во судската пракса,
  • Сопственост по основ на одржувачка, со посебен фокус на стекнување право на сопственост кон државата и анализи на случаи од македонското законодавство.

Предавачи на овој едукативен настан ќе бидат судии со долгогодишно искуство и експертиза: Љубица Колиќ од Основниот граѓански суд Скопје и м-р Катерина Георгиевска од Врховниот суд на Република Северна Македонија. Учесниците ќе имаат можност не само да ги надградат своите знаења, туку и да добијат практични совети за правилно формулирање на тужбени барања, што е клучно за избегнување на ризикот од нивно одбивање во судските постапки.

Во цената за учество се вклучени материјалите од советувањето, е-сертификат за учество и 15-дневен бесплатен пристап до електронската база на прописи, преводи и пресуди ПРАКСИС. За повеќе учесници од истиот правен субјект се обезбедува попуст.

Пријавете се до 13.11.2024 година на obuki@act.com.mk и обезбедете си место на овој важен настан, кој ќе ви овозможи да стекнете практични вештини и детална анализа на правните предизвици поврзани со стекнувањето и заштитата на сопственоста.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...