Еуролинк осигурување е во потрага по мотивиран, комуникативен и исполнителен професионалец за да го зајакне својот тим во Секторот за човечки ресурси
ШТО РАБОТИ СОРАБОТНИКОТ:
- Организира и координира процес на регрутација и селекција на кадидати за вработување
- Организира воведување на нови вработени во работата
- Учествува во креирање и имплементација на програми за мотивација на вработени
- Учествува во креирање и реализација на програми на обуки
- Учествува во креирање и реализација на настани за вработени
- Поддршка на секторите во Друштвото при имплементација на програми за вработените
- Учествува во креирање и дистрибуција на информации до вработени и креира содржина за Интранет страна
- Администрира информации за вработени во апликации за работа и изготвува извештаи
ШТО ВИ НУДИ ЕУРОЛИНК:
- Конкурентна плата по договор
- Стручни обуки за подобрување на вештини во работата
- Пријатна работна атмосфера во тим кој дава поддршка
- Договор за вработување на определено време, 40 часа неделно
Кандидатите треба да имаат: диплома за завршено високо образование, пожелно познавање на англиски јазик, способност за концизно и јасно изразување (усно и писмено), способност за работењето во MC Office, силни комуникациски вештини и работа со интегритет и доверливост.
Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 15.12.2024 на hr@eurolink.com.mk или на адреса: Еуролинк осигурување АД Скопје, До: Сектор за човечки ресурси, ул. „Пиринска“ бр. 23, 1000 Скопје.
Тел. за контакт: 02/3289-311 или 02/3289-315. Рок за избор на кандидати: 45 дена
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг. Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани. По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.