ПРАВНИК – Спорт Лаиф Трејд

од 24HR

Спорт Лаиф Трејд е компанија која постои повеќе од 20 години на пазарот и негува традиција на домашна компанија со повеќе од 900 вработени. Работиме во средина во која владее тимска соработка и можност за напредување и лично усовршување. Создавањето на совршени услови за работа за сите наши вработени е главна цел по која се водиме.

ПРАВНИК

-СКОПЈЕ-

Работни задачи и одговорности:

  • Подготовка и поднесување на потребна документација за добивање лиценца за работа
  • Следење и примена на законските прописи поврзани со приредувањето на игри на среќа
  • Подготовка, преглед и усогласување на договори, општи акти и други правни документи
  • Водење на дисциплински, прекршочни и кривични постапки
  • Подготовка и поднесување на пријави за почеток на дејност, ноќна работа, празник и други законски обврски
  • Комуникација со нотари, судови, извршители и јавно обвинителство
  • Соработка со државни институции (Министерство за финансии, УЈП, Централен регистар, Државен инспекторат за труд)
  • Решавање на правни спорови и застапување на компанијата при судски постапки
  • Консултации и правна поддршка за сите сектори во компанијата
  • Подготовка, следење и управување со договори за закуп, осигурување и деловна соработка

Потребни квалификации:

  • Диплома од Правен факултет
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност
  • 3 години работно искуство во областа на правото и корпоративното право
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  • Познавање на законската регулатива за приредување игри на среќа ќе се смета за предност.

Ние нудиме:

  • Индивидуален буџет за обуки за развој
  • Зголемен број на денови одмор според стаж
  • Платено учество на спортски настани
  • Приватно здравствено осигурување
  • Животно осигурување
  • Team building настани во државата и надвор
  • Бонус за роденден
  • Пакет производи за Велигден и Бајрам
  • Ваучер од 3.000 денари за прваче
  • Подарок за новороденче
  • Награди за најуспешните вработени

Аплицирајте со испраќање на кратка биографија на hr.kontakt@sportlife.com.mk  или контактирајте не на Вибер 078/454-622

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...