Шест каратисти на Макпетрол ќе учествуваат на Европското Првенство во Јереван

од 24HR

Главниот град на Ерменија, Јереван, од денес до 11 мај ќе биде домаќин на најдобрите континентални каратисти што ќе се натпреваруваат на Европскиот Шампионат. Дел од македонската репрезентација се и шест членови на скопскиот клуб „Макпетрол“. Во индивидуалните категории ќе учествуваат Симона Заборска (-55 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Петар Спасеновски (-84 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.). Во екипна конкуренција ќе се натпреваруваат Викторија Јовановска и Данило Божовиќ.

Тренерот Петар Заборски, задолжен за тактичкиот дел на своите спортисти во текот на европското сениорско првенство, отпатува заедно со тимот на „Макпетрол“. На континенталниот шампионат во Ерменија ќе учествуваат најдобрите 500 спортисти од 50 држави. Ова е 60 издание на овој силен меѓународен собир и следува по тие во 2023 во Гвадалахара (Шпанија) и во Задар (Хрватска) во 2024 година. Турнирот ќе се одржи во Спортско-концертниот комплекс „Карен Демирчијан“.

Елиминациите во индивидуалните натпревари ќе се одржат во среда и во четврток, додека тие во екипна конкуренција се закажани за четврток и за петок. Борбите за бронзени медали и финалињата во поединечните категории се закажани за сабота. Во недела, пак, ќе се одржат мечевите за бронза и како и тие за злато во екипна конкуренција. На минатогодишното издание во Задар, Турција ја предводеше табелата освојувајќи 10 медали, меѓу кои три златни, а по оваа земја следуваа Германија и домаќинот Хрватска.

Сениорското карате првенство во Јереван е исклучително важно затоа што е и квалификациски настан за претстојниот Светски карате-шампионат закажан за ноември во Каиро. Спортистите што во Ерменија ќе освојат златно, сребро, како и бронзените медалисти со највисок пласман, ќе добијат директен билет за глобалниот собир во Египет.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...