Одбројуваме! Уште неколку денови нѐ делат од DISRUPT HR SKOPJE 3.0, настан кој ќе ве натера да ги преиспитате сите правила на играта во човечките ресурси!
На овогодинешниот DisruptHR Skopje 3.0, ќе слушнете 17 говорници, секој со само 5 минути и 20 слајдови што се менуваат на секои 15 секунди. Брзо, директно и без филтри – токму како што сакаме! Ова не е класичен HR настан. Ова е енергија, провокација, хумор, реалност и инспирација на едно место.
Ќе зборуваме за актуелни теми и за сѐ она што никој не се осмелува да го каже гласно, ама ние ќе го кажеме.
Настанот ќе се одржу во Хотел Лимак, на 22.05.2025, со почеток од 18:00 часот.
Ако сè уште немате карта, време е да ја земете! Минатите изданија беа распродадени до последно место, па не чекајте последна минута.
Огромна благодарност до нашите премиум спонзори кои веруваат во храбрите идеи и поместување на границите:
Thrivity не е само уште една агенција за вработување — тоа е движечка сила на иновации во полето на привлекување таленти. Со длабоко разбирање на пазарот на трудот и тим од експерти во менаџментот со човечки капитал и маркетинг за регрутација, Thrivity ги поврзува компаниите со вистинските луѓе на брз, оригинален и приспособен начин.
Нивната поддршка ја отсликува заедничката верба: HR мора да биде храбар, фокусиран на човекот и подготвен да го предизвика статус квото.
А токму тоа е суштината на DisruptHR!
Factorial не е само уште една HR алатка. Тоа е сѐопфатна платформа за бизнис менаџмент што го менува начинот на кој функционираат компаниите. Од вработување и одмори до евалуации на перформанси и плати, Factorial ги поврзува сите процеси во еден лесен за користење систем, помагајќи им на лидерите да трошат помалку време на администрација и да се фокусираат на она што навистина е важно: нивните луѓе.
Со над 12.000 клиенти во повеќе од 95 земји, Factorial им овозможува на HR, финансиските и оперативните тимови јасност за донесување попаметни одлуки и поттикнување на ефикасен раст.
Ако си имаш страст за иднината на работата, веќе знаеш: PowerToHR 3 не е само настан. Тоа е трансформативно искуство што ги поврзува световите на луѓето, технологијата и маркетингот на храбар и иновативен начин. Преку моќни сесии за човечки капитал, employer branding, вештачка интелигенција и прогресивни HR стратегии, PowerToHR 3 им помага на професионалците да размислат поинаку и да го редефинираат можното во нашата индустрија.
Од B2B нетворкинг зони до практични masterclasses, тука учењето преминува во акција, а идеите се претвораат во влијание.
Горди сме што сме партнери со платформа која, исто како DisruptHR, е создадена да ги предизвика нормите, да поттикнува идеи и да ја обликува иднината на човечките ресурси.
Без нив, овој настан немаше да биде ова што е: платформа што ги турка границите, поставува прашања и отвора теми за кои се зборува шепотејќи.
Среќни сме што ја имаме за модератор енергичната Цеце Николова, а музика на крајот ќе ни пушта DJ Гоце САФ! Дојдете, не само да слушате, туку да размислувате. И да се прашате: дали и јас сум дел од промената, или дел од проблемот?
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.