Компанијата „Спорт-Лаиф“, членка на АСОМ, ја поддржа хуманитарната кампања „За нашите мали херои“ со донација од 180.000 денари, наменета за набавка на медицинска опрема за Универзитетската детска клиника – Скопје.
Целта на оваа иницијатива е да се обезбедат подобри услови за третман на најмладите пациенти и да се зајакне медицинската грижа во најраните фази од животот.
„Изразуваме благодарност до Фондацијата ‘Ице Бегов’, која ја спроведува кампањата ‘За нашите мали херои’, за соработката и довербата во реализацијата на оваа значајна поддршка за децата и здравствениот систем“, велат од „Спорт-Лаиф“.
Оваа донација е уште еден пример како компаниите членки на АСОМ преку своите општествено одговорни активности вложуваат во здравјето, иднината и добросостојбата на заедницата, особено на децата и нивниот правилен раст и развој.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.