Оваа обука претставува новитет на македонскиот пазар, со системски пристап кон развој на лидерски и менаџерски вештини. Преку 10 сесии, учесниците ќе добијат над 50 часа интензивна едукација, обработка на 20 теми од областа на менаџмент и лидерство, како и пристап до ексклузивни видео лекции од самиот основач на методологијата — Др. Исак Адижес.
На 29 октомври 2025 година, во организација на Know How Training Provider, започнува првата обука од ваков вид во Македонија — обука за менаџери и лидери базирана на светски признатата Адижес Менаџмент Методологија.
Оваа обука претставува новитет на македонскиот пазар, со системски пристап кон развој на лидерски и менаџерски вештини. Преку 10 сесии, учесниците ќе добијат над 50 часа интензивна едукација, обработка на 20 теми од областа на менаџмент и лидерство, како и пристап до ексклузивни видео лекции од самиот основач на методологијата — Др. Исак Адижес.

Know How Training Provider е единствениот одобрен партнер на Адижес Институтот во Македонија, со ексклузивно право за користење на ALIS прашалниците за профилирање на лидерски стил како и логото на истите во Македонија.
Секој учесник ќе добие бесплатно индивидуално профилирање, како и членство во Клубот на Менаџери на Know How TP.
Обуката ќе се одвива двапати месечно, со сесии на секои две недели. Секоја сесија е поврзана со претходната, овозможувајќи длабинско разбирање на процесите во менаџирањето и лидерството.
Обукава ќе ја води Павле Зимбаков, обучувач со повеќе од 22 години искуство во областа на бизнис едукација како и одобрен Адижес партнер за користење на прашалниците за профилирање на лидерски стил ALIS – Adizes Leadership Indicators Suite.
Павле со своето искуаство повеќе од 15 години работа во менаџмент, лидерство, организациски развој е препознаен по практичниот пристап, применливи алатки и резултати кои ги постигнуваат учесниците по завршувањето на обуките. Зимбаков е еден од ретките професионалци во Македонија кој до сега има спроведено десетици процеси на успешни организациски трансформации на компании според оваа методологија

Промотивна цена за првата група изнесува 64.990 МКД, достапна со рана пријава и уплата најдоцна до 10 октомври 2025 година. Бројот на учесници е ограничен на 16, а приоритет имаат лица кои веќе управуваат со тимови и процеси.
Оваа иницијатива има за цел да создаде обучен кадар кој ќе гради здрава организациска култура базирана на меѓусебна доверба и почит — темелот на секој успешен бизнис.
Доколку верувате дека најголемиот капитал на една компанија се луѓето, тогаш оваа обука е вистинската инвестиција за вас. Со вложување во оваа обука, инвестирате во долгорочниот успех на вашиот тим и компанија, обезбедувајќи лидерство кое инспирира и резултати кои остануваат.
За пријавување и повеќе информации:
📧 PZ@KnowHow-TP.com
📞 072 315 315
Know How Training Provider на пазарот во Македонија постои веќе 23 години и е цврсто етаблиран како провајдер за бизнис едукација кој нуди квалитетни и практично применливи обуки кои на учесниците на обуките им овозможуваат да се вратат на своето работно место од обука со применлива алатка за подобри успеси.
Know How TP е единствениот провајдер за Бизнис Едукација во Македонија кој има директна соработка со Адижес Институтот и единствен одобрен да ги користи ALIS прашалниците за профилирање на лидерски стил како и логото на истите во Македонија.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.