Враќање на фокусот во ера на дистракции!

од 24HR

Колумна на Викторија Јордановска основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP)

За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со самите себе!

Шарениот ноември е веќе тука. Дрвјата ги пуштаат листовите, а листовите се пуштаат од дрвјата… каков прекрасен природен процес на отпуштање. 🍂🍁

Да започнеме…

Едно свежо утро во септември се разбудив со еден куп пораки на мојот телефон каде луѓе ми честитаа роденден. Комплетно збунета прво проверив кој датум сме, бидејќи мојот роденден е во април!  Некаде, некако, во дигиталниот универзум, мојот датум на раѓање се помешал. Но, јас ги обожавам моите родендени! Топлите желби ме преплавија со радост. Се реконектирав со луѓе кои не сум ги слушнала одамна, се изнасмеавме на ситуацијата за вториот роденден годинава и ме обли преубаво чувство дека сум видена. „Кој вели дека не можам да славам двапати во годината?“ – си реков себеси. Потоа, на социјалните медиуми објавив фотографија од себе со јасен натпис: „Ви благодарам што ме ставивте во празнично расположение денес, и НЕ ми е роденден…!“ Сепак, дури и на тој пост, коментарите со честитки за роденден продолжија да пристигаат. Со чудење се запрашав: Дали воопшто обрнуваме внимание на нешто?

Во последно време постојано сум под впечаток дека луѓето не читаат. Во овој брз свет во кои живееме прелетуваме преку меиловите, брзински „скроламе“ низ објавите, па дури и дури одбираме резиме на на некоја книга без да ја прочитаме – сѐ за да заштедиме на време. Не е дека сме мрзливи – туку дека нашето внимание е растегнато до максимум. Нотификациите нѐ “пингуваат“ бесконечно, социјалните медиуми нè мамат со брза доза на допамин, и пред да се свестиме, скокаме од една работа на друга без вистински да апсорбираме нешто. Дигиталната околина ги тренира нашите невронски патишта да бараат брзо задоволство наместо длабок фокус. Нашето внимание е скапоцен ресурс, и се исцрпува и расејува како никогаш порано. Оваа „пустината на вниманието“ не е само вознемирувачка, туку и тивко го преобликува начинот на кој мислиме, се поврзуваме и живееме.

(Да, постојат исклучоци и свесна сум дека ова е огромна генерализација!)

Да навлеземе подлабоко,

Невидени, нечуени и непрочитани: Кризата на Вниманието

Дозволете ми да споделам зошто ова ме погодува толку, и можеби ќе резонира и со вас. Истражувањата од психологот Глорија Марк покажуваат дека нашето внимание се намалило во последните две децении. Главен фактор е тоа што луѓето ги менуваат задачите кои ги прават во просек секои 47 секунди кога користат дигитални уреди. Животот станува сè побрз и побрз. Како што забележува Јохан Хари во „Украден Фокус“, „не се соочуваме само со криза на изгубен фокус – се соочуваме со криза на изгубено талкање на умот“, што го деградира длабокото мислење и креативноста. Даниел Големан, пак, во „Фокус: Скриениот Двигател на Извонредноста“ предупредува дека со оглед на огромниот број информации со кои сме бомбардирани, вниманието станува ретко богатство. Го имам почувствувано ова во мојот сопствен живот, а верувам и вие. Кризата на вниманието се манифестира со брзи разговори кога умот е на сосема друго место, пропуштени детали во меилови што сум ги напишала или недопрочитала, или пак експлозија на нешто што е предизвикано од мало недоразбирање. 

Во сржта на оваа криза лежи начинот на кој нашиот ум ги процесира информациите, често преку несвесни филтри што НЛП ги идентификува како бришење, генерализација и изместување. Бришењето се случува кога филтрираме или изоставаме детали за да можеме да се справиме со преоптоварувањето на сетилата со информации. Пример за ова е бришењето на зборот „НЕ“ во мојата роденденска објава, затоа што нашиот мозок приоритетизира брз скен на информацијата, наместо целосно читање и внимание. Генерализацијата вклучува носење на заклучоци кои потекнуваат од едно или повеќе ограничени искуства и креирање на правила кои ја формираат нашата реалност. На пример, претпоставката „никој не чита повеќе“ врз основа на неколку случаи, што ја поедноставува реалноста но ги игнорира исклучоците (виновна сум, да!). Изместувањето ја извртува информацијата за да се вклопи во предрасудите или верувањата кои веќе ги имаме, како на пример погрешно толкување на неутрална порака и гледање на истата како непријателска поради претходна емоционална предрасуда. Овие филтри се еволутивни кратенки кои нашиот мозок ги користи несвесно, но во оваа ера на дефицит на внимание тие се уште позасилени. Расејаниот фокус го зголемува бришењето (пропуштање на сигнали), ги поттикнува брзите генерализации (брзо осудување), и ги поттикнува изместувањата (толкувањата на база на предрасуди), што води до погрешни одлуки, недоразбирања и замаглена реалност.’

Ова сè се врзува со нешто што обожавам да го предавам во НЛП: сензорна острина и калибрација – мајката на сите НЛП вештини. Калибрирање значи подесување на тие суптилни визуелни, аудитивни, кинестетички и други сигнали кои ги добиваме од надворешниот свет и забележување дури и на најмалите промени во внатрешните состојби (нашите или оние кај другите). Дигиталната галама ни ги отапува сетилата, правејќи потешко да ги забележиме поголемите делови од комуникацијата што се невербални. А резултатот? Во професионални или лични контексти, ова се манифестира како недоразбрани пораки, игнориран говор на телото, или ескалирани аргументи од изместени перцепции. Повеќе анксиозност, повлекување во релациите и конфликти. Ова редовно е тема во мојата коучинг и обучувачка пракса: луѓето доаѓаат кај мене фрустрирани од „груби“ колеги или напнатост во врските и она што го откриваат е дека филтрите играат огромна улога во нашата перцепција. Не е изненадувачки што има зголемена побарувачка за обуки за комуникација и разрешување на конфликти во компаниите – тоа е разликата што ја прави разликата меѓу успешна компанија и просечна!

Сега, кратка пауза со неколку соопштенија:

  • Говорејќи за горенаведеното, сакам да ви се пофалам дека во Скопје започна нова генерација на НЛП Практичари. На првиот модул учевме токму изострување на сетилата за да можеме да доживееме повеќе и да го прошириме нашиот поглед на светот – што води до подобрени релации, интеракција и комуникација со другите и со себе.
  • И, за сите жени-лидерки (вие или ако познавате некоја), придружете ми се мене, на Ирена Јакимова, Д-р Бланка Белак и Билјана Максимовска на Програмата за Лидерство на Жени со Влијание (Women of Impact Leadership Programme). Ќе водиме две групи: една во Приштина на англиски и друга во Скопје на македонски.Ова е вашата шанса да се зајакнете, да влезете во вашиот полн потенцијал и да водите со влијание. Регистрирајте се сега или споделете со пријателка на која може да ѝ користи овој поттик. Работејќи со обучувачки од светски калибар како што сме ние, ќе ви помогне да станете лидерката што секогаш сте знаеле дека можете да бидете.

Ајде сега да продолжиме,

Враќање на Фокусот

Среќа, има и добри вести: нашиот мозок е неверојатно прилагодлив благодарение на невропластичноста. Со други зборови, можеме да го ре-програмираме! Можеме да ги преуредиме овие шаблони со едноставни НЛП практики што ги користам јас и со моите клиенти за да ги смениме работите. На пример, можете да засидрите состојба на длабок фокус ако асоциратe физички допир со состојба на смирена, одржлива концентрираност – што може да помогне да се прекине циклусот на расејаност. Еве една едноставна вежба: пред да почнете да читате или да се задлабите во некоја работа, направете неколку длабоки вдишувања и издишувања, почувствувајте ја смиреноста во вашето тело и притиснете го палецот и показалецот заедно повторувајќи ја фразата „Фокусиран/а сум сега.“ Со тек на време, ова го активира вашиот мозок со притискање на двата прста да влезе во состојба на целосно внимание.

Понатаму, разбирањето на концептот на мета-програми, или нашите внатрешни филтри, ни помага да сфатиме зошто некои луѓе се повеќе склони кон расејување на вниманието. Некои луѓе имаат тенденција да бараат новитети, што ја поттикнува навикатата за „скролање“, додека други претпочитаат да се продлабочат во некоја задача. Препознавањето на вашиот шаблон ви дозволува свесно да го тренирате вашиот мозок кон повеќе одржливо внимание.

Тренирајте го вашиот мозок да ги калибрира дури и најсуптилните промени во состојбата:

  • НЛП Мета Модел Пракса: Во разговори, слушајте што не е кажано во реченицата. Поставувајте разјаснувачки прашања како „Што точно мислиш?“ за да се спротивставите на бришењата, или „Дали некогаш имало исклучок?“ за генерализациите, или „Како знаеш дека тоа е вистина?“ за изместувањата. Ова го реконструира нејасниот говор во прецизна комуникација.
  • Вежби за Сензорна Острина: За да ги изострите сетилата, влезете целосно во различни активности. За изострување на визуелното сетило, набљудувајте физиолошки промени кај себе или другите (на пр., дишење, боја на кожа, движење на очи) или одете во музеј и набљудувајте слики. За аудитивното сетило, во бучна околина идентификувајте пет различни звуци. За кинестетичкото сетило, соблечете ги обувките и одете боси или правете нешто со рацете.
  • Рутини за Невропластичност: Медитирајте 10 минути дневно со фокус на дишењето, тоа ќе ви помогне да го намалите преоптоварувањето и бришењата. Решавајте загатки како Судоку за да изградите острина за приметување на детали кои водат до генерализации. Вежбајте (јога или пешачење/трчање) за да ги зголемите невротрансмитерите – тоа помага да имате поточна перцепција наместо изместување. Учете нови вештини, како на пример нов јазик, за одржлив фокус што се спротивставува на сите три филтри.

Испитајте ги вашите навики: Создадете зони без нотификации, читајте целосно пред да одговорите, и преуредете ги верувањата („Јас намерно ги забележувам деталите“ наместо „Јас не сум добар/добра со детали“). Како што вели коосновачот на НЛП, Ричард Бандлер:

„Најголемото лично ограничување е… во работите што никогаш не сте ги размислиле да ги направите“

Предизвикајте ги вашите филтри за да ги проширите можностите.

Кризата на вниманието ги засилува бришењето, генерализацијата и дисторзијата, фрагментирајќи ја комуникацијата – но со НЛП и невропластичност, ние ги враќаме јасноста и фокусот.

За крај,

Мојата порака за месецот:

Пуштете ја контролата и фокусирајте се на набљудување, дозволете му на животот да се развива.

* Оригиналниот текст е објавен на Англиски јазик и можете да го прочитате на следниот линк: https://www.linkedin.com/pulse/reclaiming-focus-distracted-age-viktoriajordanovska-nhihf/?trackingId=uynxmw0rQ8m1v6MrpY0inw%3D%3D

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...