Правна анализа на Пресудата донесена од Основен суд Велес за предмет со врска број РО 63/20 донесена на ден 29.10.2020 година
I. Предмет на спорот
Тужителот —————– од Велес во својство на Работник во СОУ Гимназија ———–., поднел Тужба против Тужениот СОУ Гимназија ——– за поништување на Одлуката за откажување на Договорот за вработување без отказен рок.
Имено Тужителот и Тужениот склучиле Договор за вработување на неопределено време, со кој што Работникот сега Тужителот бил распределен за вршење на работните задачи на работно место ,,хаусмајстор-котлар. Каде што при постапката која предходела пред склучувањето на Договорот за вработување, од страна на Тужениот е настатаната грешка при изготвувањето на барањето за согласност за средства за ново работно место до Министерство. Притоа во текот на работењето на Работникот повеќепати му било понудувано само иницијативно да достави барање за откажување на Договорот за вработување, но истиот во ниту еден момент не го прифатил истото, за потоа истиот да биде замолен и убеден од страна на Директорот на СОУ Гимназија ———, да поднесе барање за неплатено отуство во трење од 1 месец, а се со цел како во меѓувреме би можеле да ја исправат настаната техничка грешка. Но, по истекот на неплатеното отуство од Тужениот добил Одлука за откажување на договорот за вработување без отказен рок и тоа заради кршење на работниот ред и дисциплина, за што Работникот преку својот полномошник поднел навремен приговор, укажувајќи на тоа дека истата е против законита и ништовна но, истатта била потврдена од страна на Училишниот одбор кај Тужениот.
Доследно на тоа Тужителот свесен за нелогичностите во постапката за откажување на Договорот за вработување, како и неоснованоста и незакнитоста на самата одлука ја поднел предметната Тужба каде што во истата покрај поништувањето на одлуката му предложил на Судот да го задолжи Тужениот да го врати Тужителот на работа на истото работно место.
Доследно на тоа Судот по одржување на главната расправа и изведувањето на сите докази донел Пресуда со која ЦЕЛОСНО ГО УСВОИЛ тужбеното барање на Тужителот.
II. Пресудни факти во постапката
- Неплатено отсуство – иницирано од работодавачот
Иако формално барањето го поднел Тужителот, судот утврдува дека:
- Тужителот бил замолуван и убедуван да побара неплатено отсуство,
- Со цел Тужителот додека Работникот е на неплатено отуство да ја исправи техничката грешка и да го реши проблемот со погрешно побарана согласност за ново работно место од Министерството.
Ова е суштинско значење за Судот, од причина што Тужителот прифатил да постапи по насоките дадени од Тужениот и со својата волја и огромна вреба во својот Работодавач, а истиот го злоупотребил тоа.
- Недоаѓање на работа – кое согласно изнесените факти и докази не се докажало
Во текот на судската постапка Тужениот тврдел дека Тужителот:
- Не се јавил 3 последователни или 5 работни дена,
- Не се вратил по истекот на неплатеното отсуство.
Но Судот го утврдил сосема спротивното:
- Училиштето во повеќе периоди било заклучено (заради КОВИД – 19 мерките).
- Немало ѕвонче, немало отворен влез, работникот не можел да влезе, а истито го потврдиле и сведоците
- Притоа Тужителот секој ден доаѓал и проверувал, дали пристапот ќе му биде овозможен.
- Формални недостатоци на одлуката за отказ
Клучни причини за поништување на Одлуката за откажување на Договорот за вработување се следниве:
- Не се наведени конкретни датуми на наводните неоправдани отсуства,
- Не е јасно дали е отказ за 3 последователни дена или за 5 дена во календарска година (два различни правни основи),
- Нејасна, манлива и неподобна за испитување, за што во член 85 од ЗРО помеѓу другото јасно предвидува дека во одлуката потребно е да е образложен основот и причината за отказ
- Не содржи опис на повредата, туку само упатува на чл. 82 ст.1 т.1 ЗРО.
- Нема доказ за неоправдано отсуство
Работодавачот сега Тужениот не обезбедил евиденција за присуство/отсуство за Работникот, ниту пак некаков друг матријален доказ, со кој што би потврдил дека Тужителот навистина не се доаѓал на своето работно место.
IV. Заклучок
Оваа Пресуда претставува пример каде што Судот ја штити законитоста на постапката за отказ и правата на работникот. Притоа судот не се задржал само на формалните документи (како барањето за неплатено отсуство), туку ја испитал суштината на односите меѓу страните и околностите кои довеле до отказот. Утврдено е дека Работодавачот – Тужениот постапил незаконито, како од формални причини (нецелосна одлука за отказ), така и од материјални причини (отсуството не било по вина на работникот). Како резултат на тоа, отказот е поништен, а на работникот му е наложено враќање на работа.
Фросина Вучкова
Адвокатски приправник во Адвокатска канцеларија Марија Стојановска
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.

