петок, декември 26, 2025
Почетна ОгласиРАКОВОДИТЕЛ НА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА-Спорт Лаиф Трејд

РАКОВОДИТЕЛ НА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА-Спорт Лаиф Трејд

by 24HR

За нашата компанија, Спорт Лаиф Трејд, лидер на пазарот со повеќе од 20 години успешно работење и над 900 вработени, која континуирано инвестира во развој на процесите, транспарентноста и усогласеноста со највисоките професионални стандарди, објавуваме оглас  за следната позиција:

РАКОВОДИТЕЛ НА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА-СКОПЈЕ

Главни задачи и одговорности

• Идентификација, проценка и следење на деловни, финансиски и регулаторни ризици, како и на слабости во интерните контроли
• Развивање и спроведување на годишен план за интерна ревизија заснован на проценка на ризици
• Анализа на ефективноста и ефикасноста на деловните процеси и давање препораки за нивно унапредување
• Следење на имплементацијата на корективните мерки и давање стручна поддршка на менаџментот
• Обезбедување усогласеност со важечката законска и регулаторна рамка
• Соработка и редовна комуникација со менаџментот, екстерните ревизори и регулаторните тела
• Давање стручна поддршка и насоки за подобрување на контролите, процесите и управувањето со ризици
• Подготовка на јасни и концизни ревизорски извештаи со конкретни, практични и применливи препораки
• Придонесување во градење култура на одговорност, транспарентност, етичко работење и континуирано подобрување

• Раководење, координација и распределба на задачи во рамки на тимот за интерна ревизија

Потребни квалификации:

  • Високо образование (економски, финансиски или сродни науки)
  • Најмалку 2 години работно искуство во ревизија, контролинг или анализа на ризици
  • Напредно познавање на Excel и користење аналитички алатки
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Возачка дозвола Б категорија

Ние нудиме:

  • Индивидуален буџет за обуки, професионален развој и сертификација
  • Директна вклученост во клучни процеси, анализи и стратешки одлуки
  • Семејни и празнични бенефити
  • Team building настани
  • Награди и бенефити како дел од интерните програми

Доколку сакате да бидете дел од стабилен и модерен систем и да придонесете во унапредување на интерните контроли и процеси, ве охрабруваме да аплицирате со доставување на ваша кратка биографија на: hr.kontakt@sportlife.com.mk

Related Posts

Leave a Comment