Со затворањето на уште една календарска година, 24HR заокружува шест години постоење како специјализиран портал посветен на луѓето, работата и организациската култура. Она што започна како идеја, денес прерасна во стабилна платформа со влијание и доверба кај професионалната јавност.
Во текот на изминатата година, 24HR забележа највисока читаност од основањето досега, со континуиран раст на лојалната публика, значително зголемување на објавени анализи, интервјуа и експертски содржини релевантни за HR и бизнис-заедницата, како и проширување на мрежата на партнери кои активно ја поддржуваат темата за луѓето како клучна деловна вредност.
Централно место во овој раст имаат читателите. Нивниот континуиран интерес, критичка мисла и секојдневен фидбек директно го обликуваа и ребрендирањето на 24HR, спроведено со цел порталот да биде појасен, пофункционален и поблиску до реалните потреби на својата публика.
Подеднакво важна е и поддршката од партнерите на 24HR, од кои дел се присутни уште од самите почетоци. Нивната доследност и долгорочна визија придонесуваат за градење јавен простор во кој темите за луѓето, лидерството и организациската култура имаат заслужена тежина.
Во 2026 година, 24HR ќе продолжи со продлабочување на уредничките формати, отворање на нови теми и засилување на аналитичкиот пристап – со јасна цел да остане релевантен и кредибилен извор за професионалната јавност.
На сите читатели, партнери и соработници им посакуваме среќни новогодишни празници и среќна нова 2026 година!
Со почит,
Тимот на 24HR
