BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.
Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.
Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија постојано инвестира во развојот на своите вработени, градејќи знаења, вештини и потенцијал неопходни за одржлив раст и високи перформанси. Во таа насока, го зајакнуваме нашиот тим и објавуваме оглас за работно место:
Специјалист за обука и развој
Специјалистот за обука и развој кој ќе биде одговорен/а за планирање, организација и имплементација на програми за обука и развој на вработените, со цел унапредување на нивните компетенции, перформанси и ангажираност.
Клучни одговорности:
- Анализа на потребите за обука и развој на вработените во согласност со стратешките цели на компанијата
- Креирање, имплементација и координација на интерни и екстерни програми за обука за различни нивоа на вработени
- Реализација на воведни и континуирани обуки за вработени во продавници и корпоративни тимови
- Подготовка и развој на наставни материјали, прирачници, презентации, прашалници и тестови за знаење
- Мерење и анализа на ефективноста на обуките и подготовка на извештаи со препораки за унапредување
- Водење евиденција и бази на податоци за реализирани обуки и развојни активности
- Учествување во планирање и следење на годишниот буџет за обука и развој
- Координација и соработка со надворешни обучувачи и консултанти
- Активно учество во програми за управување со таленти, развој, задржување и наследување
- Работа со различни тимови и поддршка на менаџментот во развојот на вработените
Потребни квалификации и вештини:
- Високо образование (предност: општествени науки, човечки ресурси, психологија или сродни области)
- Минимум 3 години релевантно работно искуство во областа обука и развој или човечки ресурси
- Познавање на политики, методологии и техники за креирање и имплементација на обуки
- Знаења од областа на андрагогија и нивна практична примена
- Способност за јасно и ефективно пренесување на знаења
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Добри организациски и аналитички вештини
- Вештини за управување со проекти и координација на различни активности
- Пожелно познавање на англиски јазик
- Способност за работа во динамична средина и со различни тимови
- Изразена ориентација кон резултати и континуирано унапредување
- Подготвеност за патувања и одржување обуки по реони и продавници
Што нудиме:
- Работа во стабилна и препознатлива компанија
- Можност за професионален и личен развој
- Динамична работна средина и соработка со различни тимови
- Учество во креирање и имплементација на развојни HR практики
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на своето CV и мотивациско писмо, преку означеното поле. Рокот за аплицирање е до: 25.01.2026
