четврток, март 5, 2026
Почетна ОгласиПрактикант – Talent Acquisition & Employer Branding

Практикант – Talent Acquisition & Employer Branding

by 24HR

Гледаш огласи и си размислуваш како изгледа процесот на вработување од другата страна? Те интересира како компаниите привлекуваат таленти и го градат својот employer branding?

Епа… можеби тој ден е поблиску отколку што мислиш.Имаме можност токму за тебе.

Бараме практикант/ка што сака да навлезе во светот на регрутацијата и employer branding, да стекне практично искуство и да биде дел од динамична средина со простор за идеи и иницијатива. Ако се пронаоѓаш – продолжи да читаш.

Што ќе правиш?

  • Поддршка во процесот на регрутација
  • Комуникација со кандидати
  • Организација и координација на интервјуа
  • Одржување и ажурирање на системот за следење на апликации (ATS)
  • Помош при организација на кариерни настани, саеми за вработување и соработка со универзитети
  • Учество во активности поврзани со employer branding
  • Ќе придонесуваш со идеи за подобра интерна комуникација и тимска култура

Кого бараме?

  • Студент/ка по Човечки ресурси, Комуникации, Психологија или сродна област
  • Некој што има вистински интерес за регрутација и employer branding
  • Комуникативна и организирана личност
  • Креативен/на, со внимание на детали
  • Проактивен/на и со желба да учи
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на MS Office; LinkedIn е плус

Што добиваш?

  • Реално искуство во HR и регрутација
  • Можност да учиш од искусен тим
  • Динамична и поддржувачка средина
  • Простор за идеи, креативност и слобода да учиш, грешиш и растеш
  • Одлична основа за твојата идна кариера

Започни ја својата кариера таму каде што талентот се препознава и развива – аплицирај сега https://www.linkedin.com/jobs/view/4376653932

Огласот ќе биде отворен до 07.03.2026.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Related Posts

Leave a Comment